Филков: Нашата правна рамка мора да се прилагоди на технолошките промени

November 11, 2024
2 mins read

Квалитетот на правната рамка треба да обезбеди јасност, да поттикнува иновации и поддржува долгорочен раст. Како што се соочуваме со нови предизвици – независно дали се предизвикани од технолошките промени или од одредени влијанија врз екологијата, нашата правна рамка мора да се прилагоди на овие промени, без да ги загрози основните вредности како правдата, човековите права и слободите, порача министерот за правда Игор Филков на Меѓународната конференција „Правна конкурентност-Правни инструменти за поконкурентна Европа” во Будимпешта.

Конференцијата е организирана во рамки на Унгарското претседателство со Советот на ЕУ, а Филков учествуваше на покана на министерот за правда на Унгарија, Бенце Тузсон.

Како што соопштија од Министерството за правда, Филков во своето обраќање на конференцијата се осврнал на предизвиците и новитетите кои ги носи дигиталната ера, како и реформите во правосудството.

-Од првиот ден откако го добив мандатот за водење на ресорот правда, започнавме со реформите за поставување на независен правосуден систем, заснован на целисходни и сеопфатни анализи, јавни дебати со стручната јавност и граѓанското општество и се стремиме кон постепено достигнување на посакуваните ефекти и резултати. Реформите во правосудството и неговата правна рамка, се одвиваат во согласност со Развојната Секторска Стратегија за правосудство за периодот 2024 – 2028, посочи Филков.

Тој се осврнал на прашањето за дерегулација, при што укажал дека во правото таа се постигнува исклучиво преку примената на квалитетната правна рамка, како главна задача на судовите, односно судиите.

-Квалитетот на правната рамка, треба да обезбеди јасност, да поттикнува иновации и поддржува долгорочен раст. Како што се соочуваме со нови предизвици—независно дали се предизвикани од технолошките промени или од одредени влијанија врз екологијата, нашата правна рамка мора да се прилагоди на овие промени, без да ги загрози основните вредности како правдата, човековите права и слободите. Процесот на дерегулација ги обврзува системите, сепак да утврдат минимум заеднички правила, по кои ќе се овозможи заедничката соработка, што ќе доведе до зајакнати економии преку заштита на конкуренцијата, рече Филков.

Говорејќи за нашиот пат кон евроинтеграциите и проширувањето, Филков изрази надеж дека заедничките интереси ќе се издигнат над националните интереси на одредени земји – членки, со што ќе преминеме во наредната фаза од преговорите со отворањето на првиот кластер.

-Доаѓам од држава и сум дел од една нација, која навистина долг период, речиси 20 години, настојува да исполни еден стремеж и аспирација за интеграција и рамноправно место во Унијата во која што припаѓа. Во трасата кон достигнувањето на нашата крајна цел, членството во Европската Унија, соочени сме со низа предизвици и предуслови, чие исполнување е очекувано и прифатливо. Меѓутоа, подигнувањето на нашата лична определба и чувство за припадност како народ и нација, на ниво на билатерална пречка за нашите натамошни европски перспективи, ќе се согласите сите дека се коси со идеите и вредностите на кои почива Европската Унија, потенцираше Филков.

Според Филков, неминовно е соодветно адаптирање на процесот на креирање на правната рамка и нејзината примена во пракса.

-Живееме во динамични времиња, политичката реалност се менува, и во тој контекст неминовно е соодветно адаптирање на процесот на креирање на правната рамка и нејзината примена во пракса. Ова, особено имајќи го предвид септемврискиот извештај на господинот Марио Драги, за иднината на конкурентноста на ЕУ, кој укажува на тоа дека не се работи за дерегулација, туку дека се работи за обезбедување на вистинска равнотежа помеѓу внимателноста и иновациите, и во обезбедување на доследна примена на регулативата во Европа, рече Филков.

На дводневната конференција во Будимпешта учесниците дебатираа и за вештачката интелигенција како двигател на конкурентноста, дигиталниот закон на ЕУ, подобрување на квалитетот на правните прописи, новите регулаторни трендови и улогата на технологијата во правото. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Земјотрес ја стресе Македонија

Следно

Нови правила и промени во ватерполо играта

Latest from Blog

Тешкиот живот на 19 годишна девојка од Скопје, мајката со солзи во очите раскажува: „Ако не се оперира, состојбата ќе се влоши“

Вака изгледа секојдневието на 19 годишната Џенета. За да се движи потребна и е помош, бидејќи од раѓање страда од епилепсија и сколиоза, што претставува искривување на рбетот. Најголемиот товар го носи

Што се Брахицефаличен синдром и дискус хернија болести кои се почесто ги напаѓаат домашните миленици

Во последно време, ветеринарната медицина во Македонија се соочува со сè поголем број случаи на брахицефаличен синдром и дискус хернија кај домашните миленици, особено кај популарните раси на кучиња и мачки. Овие

Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК – надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата

Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) – оттаму нагласуваат дека надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата. Од ЦУК потсетуваат дека единствениот

Втората група од 200 палестински затвореници спремни за ослободување во рамките на договорот за прекин на огнот во Газа

АНКАРА (АА) – Втората група од 200 палестински затвореници ќе биде ослободена денес според договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници меѓу Хамас и Израел, јавува Анадолу. Медиумската
Go toTop