Филков: 80 години Службен весник-столб на правната стабилност и демократскиот развој на Македонија

February 18, 2025
1 min read

Држејќи го вo раце првиот број на Службениот весник на Федералната единица Македонија во демократска и федеративна Југославија кој бил резервиран за основните акти на АСНОМ од 2 август 19444 година, министерот за правда Игор Филков во своето обраќање по повод јубилејот на ЈП Службен весник, го истакна значењето на службеното гласило за нашата државотворност.

„Првиот број ги содржи основните акти на АСНОМ од 2 август 1944 година, со кои е формирана македонската држава со сите елементи и атрибути на државноста, како телата на законодавна и извршна власт, јазикот, системот на образование, системот на здравство, никулецот на судството, платежно средство, територијална поделба на државата, бројни правилници, оперативни решенија. Но тука е и решението за определување на Илинден- 2 август за „народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за негово конечно ослободувањe од вековното ропство и создавањето на слободната и суверена федерална македонска држава“.

Уште поголема е гордоста од свесноста која нашата држава ја посветила на човековите права, усвојувајќи ја Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на Демократска Македонија”, истакна министерот за правда, Игор Филков.

Владата на Република Македонија, е основач на Јавното претпријатие „Службен весник на Република Македонија“ но Министерството за правда е матичното министерство кое е надлежно за подготовката на законската регулатива при објавувањето на законите, другите прописи и акти во „Службен весник на Република Македонија“, како и издавањето на службеното гласило „Службен весник на Република Македонија“, како дејност од јавен интерес. Тоа, според министерот Филков, создава посебна врска помеѓу двете институции, кои се упатени на процес на постојана комуникација и соработка.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Охриѓанец проголтал пакување кокаин при претрес на возилото!

Следно

Зеленски: Украина очекува „безбедносни гаранции од САД, ЕУ и Туркије“

Latest from Blog

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të
Go toTop