Филипче за Рамазан Бајрам: Заедништвото и солидарноста се нашата сила за справување со предизвиците

March 30, 2025
1 min read

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.

Во честитката претседателот на СДСМ истакнува дека овој свет празник потсетува на основните вредности за меѓусебно почитување, солидарност и хуманост, кои се основа врз кои треба заеднички да ја градиме нашата иднина.

-На сите припадници од исламската вероисповед им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам, со искрени желби за здравје, радост и благосостојба. Овој свет празник не потсетува на основните вредности за меѓусебно почитување, солидарност и хуманост. Во духот на овие вредности, заедно можеме да ги надминеме сите предизвици и да градиме подобра иднина за нашата држава и за граѓаните, вели Филипче во честитката. 

Северна Македонија, додава тој, е пример за заедништво, заеднички живот и почитување на различностите, и токму тоа ја прави посилна и побогата.

-Затоа, овој празник нека ни биде потсетник дека со почит, заемна помош и поддршка,  можеме  да изградиме поправедно и еднакво општество за сите. Нека овие празнични денови ви донесат здравје, мир, среќа и духовна исполнетост. Честит и за многу години Рамазан Бајрам, порачува претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јован: Страшни беа глетките, викотници, пискотници, ја скршивме вратата и почнавме да ги вадиме

Следно

Жерновски: Македонија има тројца министри за надворешни работи и сите тројца ја туркаат во изолација

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop