Филипче: По цена на политичката кариера стојам на располагање да ги направиме уставните измени и да ги отвориме преговарачките поглавја со ЕУ

April 7, 2025
1 min read

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче е во посета на Брисел каде учествува на конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д „Вили Брант“ за проширување на ЕУ“, која се одржа во Брисел. 

Лично преземам целосна одговорност и го преземам целокупниот товар, па дури и по цена на мојата политичка кариера, за да ги направиме уставните измени и да ги отвориме преговарачките поглавја со ЕУ и доколку владата смета дека тоа може да го искористи, јас стојам на располагање, изјави за МИА Филипче.

 Според него, Владата нема ниту идеја, ниту волја да направи конкретен чекор напред.

„За жал, ние сега не може да се пофалиме со ништо, ние сме заглавени во место. Оваа Влада ниту има идеја, ниту има желба да направи чекор напред во евроинтеграциите. Јасно е што треба да се направи – меѓународните договори мора да се почитуваат, меѓутоа слатките зборови на претставниците на Владата повеќе никој не им верува. На сите им е јасно дека Македонија не може да оди напред со оваа Влада – се нема никаква желба, ниту идеја, ниту план.“

Филипче предупреди дека времето не работи во корист на Македонија и дека секој ден заостанување зад регионот ја комплицира иднината.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анчелоти: Арсенал е тежок ривал, но имаме план за победа!

Следно

Маж се разнесе со бомба пред продавница во Хрватска

Latest from Blog

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Омерагиќ: ЛЕД екран долг 210 метри ја модернизира националната арена

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Меџити: Континуирана поддршка од ЕУ за евроинтеграцијата на Македонија

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, Изет Меџити, денес оствари средба со европратеникот Томас Вајц, постојан известувач на Европскиот парламент, во рамките на континуираниот дијалог со

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на
Go toTop