Филипче извади документи: Христовски нема 5 години искуство за да биде директор на АНБ

October 31, 2024
1 min read

Со поставување на Бојан Христовски за директор на АНБ, власта ги прекршила општите правила за назначување на прв човек на една од клучните безбедносни институции во државата. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Собрание на пратенички прашања извади документи со кои покажа дека Христовски не го исполнува главниот услов за да биде директор на АНБ, односно нема 5 години стаж на раководна позиција како што налага законот.

„Ова се документи доставени од нас од свиркачи. Изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување.  Со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување а тоа е 5 години стаж на раководни позиции, согласно законските услови. Ни тој услов не го исполнува вашиот партиски кадар.

Нели, господине Мицкоски, ветувавте поразличен начин на работа? Нели мерит систем некој најавувате? Вашето поимање за Мерит систем е по заслуга ама во партија. Кој најмногу заслужил кај лидерот на позиција“-рече Филипче на собраниската говорница.

Претседателот на СДСМ, Филипче истакна дека професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој побара Христовски да биде разрешен, да биде назначен нов директор на АНБ а надлежните институции целосно да го истражат случајот и да има одговорност.

Премиерот Христијан Мицкоски на ова одговори дека Христовски има девет години раководно искуство.

„Што се однесува до Бојан и тој што ви ги дал тие податоци, ве носи во длабока дупка, не само што има пет, тој има девет години раководно искуство. Не сакав да бидам на тоа ниво да го спуштиме безбедносниот сектор во државата. Не сакам да разговарам на тоа ниво, затоа што мислам дека националната безбедност не заслужува да биде тема во јавноста“, рече Мицкоски.

Тој е на ставот дека постојат институции во државата кои треба да го проверат ова.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АХВ: Потврден нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Следно

Петрушевски: „Големите команданти” Муса Џафери и Садула Дураки стоеја мирно пред Мицкоски- ДУИ е демонтирано

Latest from Blog

Кога љубовта ќе заврши, милијардите остануваат НАЈСКАПИОТ РАЗВОД ДОСЕГА

По 27 години брак, Мелинда Гејтс, според достапните податоци, добила вкупна исплата од дури 76 милијарди долари по разводот од Бил Гејтс. Хуманитарната фондација на Мелинда Гејтс тивко примила огромна донација од

ЛШ: Ливерпул триумфално на „Велодром“, Јуве, Барса, Челзи и Барса „лапнаа“ по три бода

Англискиот шампион Ливерпул се враќа со голема победа од Франција, каде вечерва во претпоследното коло од Лигата на шампионите славеше со 3:0 над екипата на Олимпик Марсеј. Со головите на Собослаи (45′),

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни – Сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)

По снежните врнежи што ја зафатија Битола во текот на денешниот ден, сите улици во градот се целосно проодни, а сообраќајот се одвива непречено, информира градоначалникот Тони Коњановски преку социјалните мрежи. Во

Кој е ликот со прекар ПОКРОВИТЕЛ – ШЕФ НА БАЛКАНСКИОТ НАРКО КЛАН?

На Youtube каналот „Amazing Europe“ можете да видите листа од десет земји со најголемо присуство на мафијата и организираниот криминал. Иако Италија е генерално првата асоцијација со мафијата, истражувањата покажаа дека Турција
Go toTop