ФИЛИПА САРА ПОПОВА ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „МЛАДА СТРУГА“ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

July 8, 2024
1 min read

Филипа Сара Попова е годинашна добитничка на наградата „Млада Струга“ за 2024, која ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата. Попова е наградена за нејзината необјавена поетска стихозбирка „Скршен терариум“.

За наградата одлучи жири-комисијата: Славе Ѓорѓо Димоски, претседател, и Виолета Танчева-Златева и Андреј Ал-Асади.

„Станува збор за извонредно надарена поетеса, полна со луцидни рефлексии и сензации за животот, времето и светот обликувани спрема потребата во потрага за смисла, но притоа самата е свесна дека и поетскиот говор сам по себе е потрага (по смисла). Ритамот на нејзиниот поетски говор одговара на ритамот на животот: отворено и искрено, без затскривање зад метафори и алузии, таа е сеизмограф на своето време. Филипа Сара Попова не е само обичен забележувач на случувањата, туку има активен однос кон времето што го живееме“, рече Димоски денеска во Струга.

За „Скршен терариум“ тој вели дека „ изобилува со асонанци, метонимии и речиси незабележлив, но исклучително важен ритам во пренесување на мотивот кој се проткајува низ целата стихозбирка и ја прави една компактна логичка целина“.

Според жирито, Попова користи лесен и разигран јазик, иако полн со симболи, слики и логички корелации помеѓу нив.

Попова е апсолвентка на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Директорот на Фестивалот, Тодорче Тасевски кажа дека наградата се доделува за необјавена поетска стихозбирка од млад автор дебитант, кој покрај паричниот износ, ја добива можноста стихозбирката да биде објавена во рамки на
изданијата на Фестивалот, но исто така и можноста за учество и негова промоција на Струшките вечери на поезијата.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Документи за гледање порно

Следно

Алваро Мората најави заминување од репрезентацијата

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop