Филхармоничарите продолжуваат со протестот, бараат Љутков да го исполни ветеното

March 3, 2025
1 min read

Вработените во Македонската филхармонија и денеска излегуваат на протест пред Министерството за култура и туризам. За нив, велат, останува сомнежот дека конкурсот за избор на нов директор на оваа установа не се спроведува законски.

За време на претходните протести добија ветување од министерот за култура и туризам Зоран Љутков дека конкурсот ќе биде спроведен законски и дека ќе биде избран најдобриот кандитат кој ги исполнува условите.

– Ние добивме информации дека конкурсот веќе се спроведува незаконски, и дека по секоја цена се оди кон тоа меѓупартиски договорениот кандидат Мустафа Имери да биде назначен за директор на нашата институција, соопштија од синдикатот на Македонската филхармонија.

Посочуваат оти имаат информации дека Имери не доставил комплетна документација.

– Имаме информација дека Имери не доставил комплетна документација, иако во конкурсот јасно е назначено дека некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. Комисијата веќе им дала рок на кандитатите кои не доставиле уредна документација да ги достават потребните документи во рок од три дена. Со тоа се кршат условите пропишани во конкурсот, се со цел да се истера меѓупартискиот договор меѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДМНЕ и да се назначи Мустафа Имери за директор на нашата институција, посочуваат во соопштението.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

До кога од улиците ќе правите гробишта? – сестрата на Фросина по вчерашната нова сообраќајка во Скопје

Следно

Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори за 14%, очекуваме заложба за поквалитетно образование на студентите

Latest from Blog

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.
Go toTop