Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори за 14%, очекуваме заложба за поквалитетно образование на студентите

March 3, 2025
1 min read

Со повисоки плати за академскиот кадар и поголем буџет за УКИМ ја одбележуваме петтата годишнина од основањето на Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на научната конференција „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“ , организирана по повод јубилејот.

„Градиме партнерски однос со синдикатите. Преку конструктивен социјален дијалог, успеавме да ги зголемиме платите во високото образование. Од јануари годинава, поголемиот дел од вработените на државните универзитети имаат зголемување на бруто платите, без минатиот труд, во просек за околу 14 %. За помал дел од вработените зголемувањето е во просек за околу 8 %“, посочи Јаневска.

Годинава буџетот на УКИМ е зголемен за 1,5 милијарда денари. Од ланските 2,2 милијарди денари, оваа година достигна 3,7 милијарди денари.

„Сѐ ова покажува дека Владата и Министерството за образование и наука се решени да направат реален исчекор во квалитетот на образованието, вклучително и на високото образование. Затоа ги зголемивме вложувањата, но секогаш јасно кажувам дека и нашите очекувања од академската фела се големи“, укажа Јаневска.

Тоа значи универзитетските професори да им бидат вистински ментори на студентите, да им помогнат да стекнат што поквалитетни знаења и вештини а паралелно и континуирано да работат на својата научна надоградба и да објавуваат трудови. Јаневска нагласи дека овие критериумите за добивање и задржување на професорската титула на светски признатите универзитети мора да важат и кај нас, ако сакаме и нашите универзитети да се видливи на листите на најдобрите. Тоа, како што кажа, не е само работа на престиж, туку ќе им овозможи на нашите студенти да добијат најдобра подготовка за предизвиците што ги носи утрешнината.

Министерката Јаневска побара заеднички ангажман на сите релевантни чинители за да изградиме високообразовен систем со модерни студиски програми, за да ја интегрираме науката и истражувањата во наставните програми и да ја зајакнеме соработката со академската заедница во земјата и надвор.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филхармоничарите продолжуваат со протестот, бараат Љутков да го исполни ветеното

Следно

Врнежите поволни за земјоделството, почнува садењето на ранoградинарските култури

Latest from Blog

Љатифи и американската амбасадорка Варнс во ТЦ Охрид: Енергетската поврзаност носи поголема сигурност

Директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, денеска во Трафостаницата Охрид ја пречека вршителката на должност амбасадор на САД во Северна Македонија, Никол Варнс, при што го презентираше напредокот на проектот за енергетско поврзување

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“го напушти Блискиот Исток

 Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ се упати кон Соединетите Американски Држави од Блискиот Исток, по девет месеци поминати на море од страна на екипажот и маринците, соопшти денеска еден американски

Ангелов: Изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, граѓаните да бидат особено внимателни поради висок ризик од пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до

Палмино масло наместо млеко? Косово повлече 12 млечни производи од продажба

Случајот со млечните производи што деновиве го привлече вниманието на јавноста во Косово станува поширок, откако контролите покажаа дека зад повеќе различни брендови стои ист оператор и ист производствен објект. Токму затоа,
Go toTop