ФИФА официјално ги објави домаќините на Светските првенства во 2030 и 2034 година

December 11, 2024
1 min read

Светската фудбалска централа ФИФА официјално ги објави домаќините на Светските првенства во 2030 и 2034 година.

Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Мароко, Португалија и Шпанија. Во Јужна Америка ќе се одиграат уште три натпревари – во Уругвај, Парагвај и Аргентина.

Претходно се дозна дека Италија одлучила да не поднесе заедничка понуда со Саудиска Арабија и Египет за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2030 година. Така единствена остана кандидатурата на Мароко, Португалија и Шпанија.

За прв пат Светското првенство во фудбал ќе се одржи на три континенти и во шест земји. Најголем дел од натпреварите на Светското првенство во 2030 година ќе се играат во Мароко, Шпанија и Португалија. Воведниот натпревар ќе се одржи во Уругвај со учество на локалната репрезентација. Истото важи и за првите средби на репрезентациите на Аргентина и Парагвај во групите – тие ќе ги играат првите дуели во матичните земји.

Уругвај ќе го одигра воведниот натпревар по повод 100-годишнината од првото Светско првенство одржано во Уругвај.

Светското првенство во фудбал во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија, соопшти ФИФА на денешниот вонреден конгрес на седиштето.

Австралија, исто така, претходно имаше право да биде домаќин на турнирот, но потоа ја повлече својата кандидатура за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2034 година, а Саудиска Арабија стана единствениот претендент.

Според организаторите, Светското првенство во Саудиска Арабија ќе се одржи на вкупно 15 стадиони во пет градови: Ријад, Џеда, Абха, Ал Хобар и Неом, се уште неразвиен град на северозападот на земјата.

Во плановите за стадионот Неом стои дека ќе се наоѓа на 350 метри надморска височина и ќе биде достапен само со брзи лифтови и самоуправувачки автомобили.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сирија: Семејствата чекаат пред затворот „Седнаја“ со надеж да ги најдат своите исчезнати

Следно

Дали намалените коефициенти ќе значат и намалени плати за функционерите?

Latest from Blog

Пет конфискувани станови на Груевски и земјиште на Мијалков излегуваат на пазар за речиси 3,5 милиони евра

Агенцијата за управување со одземен имот отвори наддавање за луксузното портфолио на поранешниот премиер Никола Груевски: три станови на Водно по 200 m² со панорамски тераси се ценети по 850 000 евра,

Џамијата Ал-Бар од отоманската ера во Јафа стои како симбол на трајно наследство

СКОПЈЕ (АА) – Џамијата Ал-Бар, позната на Палестинците како Арус ал-Бар (Невеста на морето), останува едно од најистакнатите архитектонски наследства на Отоманската империја во крајбрежниот град Јафа, известува Анадолу. Изградена за време
Go toTop