Фидан во Вашингтон: Во Газа треба што поскоро да се прогласи прекин на огнот

March 8, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан му нагласил дека во Газа треба што поскоро да се прогласи прекин на огнот, јавува Анадолу.

Според информациите од дипломатски извори, Фидан во Вашингтон се сретнал со Саливан и во таа пригода му порачал што поскоро да се прогласи прекин на огнот во Газа, како и да се зголеми хуманитарната помош што пристигнува во регионот.

Во текот на средбата е кажано дека руско-украинската војна не смее повеќе да се продолжува и дека војната треба да се реши „во рамките на територијалниот и политичкиот интегритет на Украина“.

Истакната е решителноста на турската страна во борбата против терористичките организации во Сирија и дека САД треба да дејствуваат во духот на сојузништвото и да ги прекинат односите со ограноците на терористичката организација ПКК.

Во текот на состанокот пренесено е и значењето на политичката стабилност во Ирак, а се разговарало и за борбата против тамошните „вгнездени терористички организации“.

Kажано e и дека се поддржува азербејџанско-ерменскиот мировен процес и дека постигнатиот напредок ќе биде одлучувачки за просперитетот на Кавказ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден: Војната во Газа зеде многу повеќе цивили отколку сите претходни конфликти таму заедно

Следно

„Трамп картички“, избори и рехабилитација на Украинци

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop