Фидан: Туркије ги поддржува мировните преговори меѓу Русија и Украина предводени од САД

March 21, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес ја изрази поддршката на Анкара за мировните преговори предводени од Соединетите Американски Држави (САД) за ставање крај на тригодишната руско-украинска војна, јавува Анадолу.

„Ги поддржуваме преговорите за прекин на огнот предводени од САД“, изјави Фидан на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто во Анкара.

Тој додаде дека Анкара ќе ги поддржи и прекинот на огнот и сеопфатните мировни преговори за руско-украинската војна.

Во врска со европската безбедност, Фидан изјави: „Ние веруваме дека планирањето на сите чекори во врска со безбедноста на Европа заедно со Туркије е од суштинско значење за нашиот заеднички интерес.“

  • Сијарто: Нереално е да се говори за европската безбедност без Туркије и Русија

Нереално е да се зборува за европската безбедносна архитектура без да се вклучат Туркије и Русија, изјави унгарскиот министер Сијарто.

„Очекуваме провоените политики на Брисел да не ги попречат мировните преговори (Русија – САД) за ставање крај на руско-украинската војна“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан.

Сијарто денес престојува во работна посета на Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кејн оптимист за шансите да ја освои „Златната топка“

Следно

Почина матурантот Вукашин, 16-та жртва на трагедијата во Нови Сад

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop