Фидан разговараше со Блинкен: Нема да дозволиме терористички активности против Туркије и сириските цивили

December 1, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан му рекол на американскиот државен секретар Антони Блинкен дека се против случувањата што ќе ја зголемуваат нестабилноста и дека никогаш нема да дозволат терористички активности против сириските цивили, известува Анадолу.

Според информациите добиени од извор во Министерството за надворешни работи на Туркије, Фидан имал телефонски разговор со Блинкен.

Тие разговараа за последните случувања во Сирија, а министерот Фидан рече дека Туркије се противи на секој развој на настаните што ќе ја зголеми нестабилноста во регионот.

Наведувајќи дека политичкиот процес меѓу режимот и опозицијата мора да заврши за да се воспостави мир и просперитет во Сирија, шефот на турската дипломатија Фидан изјави дека никогаш нема да дозволат терористички активности против Туркије и сириските цивили.

Станало збор и за ситуацијата во Либан, а министерот Фидан нагласил дека за траен прекин на огнот во Либан, Израел мора да ги исполни ветувањата, што е можно поскоро да се воспостави прекин на огнот во Појасот Газа и дека мора да се достави хуманитарната помош во регионот.

Фидан и Блинкен разговарале и за прашањата поврзани со Украина и Јужен Кавказ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Миовски и Џирона до бод кај Виљареал!

Следно

Диви депонии, опасен хемиски отпад

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop