Фидан: Извршителите на масакрот во Газа еден ден ќе бидат повикани на одговорност

June 8, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека денеска осум земји од групата Д8 во Истанбул ја најавиле својата поддршка за Палестина, која се соочува со израелски напади, јавува Анадолу.

„Не се сомневаме дека оние кои го извршија овој масакр во Газа еден ден ќе бидат повикани на одговорност, и дека ќе победат оние кои се залагаат за мирна иднина на Палестина“, рече Фидан во обраќањето во Истанбул на отворањето на вонредниот состанок на Советот на министри за надворешни работи на Д8.

Тој потсети дека следната недела ќе се одбележи 27-годишнината од основањето на Д8, напоменувајќи дека групата опфаќа држави на три континенти и околу 1,2 милијарди луѓе.

„Денеска, како земји од Д8, Бангладеш, Египет, Индонезија, Иран, Малезија, Нигерија, Пакистан и Туркије, на најсилен можен начин ја објавуваме нашата поддршка за Палестина“, нагласи Фидан.

Тој истакна дека овој вонреден состанок е одржан токму за да се покаже посилна поддршка и солидарност за Палестина.

„На Газа ѝ се потребни надеж и поддршка, но пред сѐ потребна ѝ е акција. Оваа војна не е израелско-палестинска војна, туку предизвик за глобалната демократија“, рече шефот на турската дипломатија.

Фидан нагласи дека меѓународниот систем се руши поради лицемерието и слепилото на некои држави.

Тој истакна дека случувањата во Газа во последните осум месеци покажуваат уривање на нормите и вредностите.

„Продолжувањето на израелскиот масакр предизвикува општествена тензија и гнев кај луѓето. Сѐ додека меѓународниот систем не може да обезбеди решение, на нас како исламски свет ни преостанува да преземеме грижа за овој проблем и да постигнеме трајно решение“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Србин направи лого од повредата на Ѓоковиќ и стана вирален, нема кој не ја споделува фотографијата

Следно

Австралија: Поплави во Сиднеј, спроведени најмалку 13 спасувачки операции

Latest from Blog

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клуч за економски развој и регионално поврзување

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Перез: Против нас се водат планирани напади, нема да си одам, останувам претседател!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, објави дека нема намера да ја напушти функцијата. 79-годишниот функционер, исто така, ги негираше извештаите дека има сериозна болест. „Многу ми е жал што морам да
Go toTop