Фидан: „Израел не ги убива само Палестинците туку и меѓународното право“

April 26, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Долгогодишниот спор меѓу Израел и Палестина не е обичен конфликт, туку борба меѓу угнетувачите и угнетените, изјави денес турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, јавува Анадолу.

„Конфликтот меѓу Израел и Палестина се претвори во вистински конфликт меѓу угнетувачи и угнетени“, рече Фидан на прес-конференцијата со Винстон Питерс, колега од Нов Зеланд.

Фидан нагласи дека конфликтот меѓу Израел и Палестина се претворил во „борба меѓу основачите на меѓународниот систем и угнетените во овој систем“.

Шефот на турската дипломатија истакна дека Израел не само што убива Палестинци, туку го убива и меѓународното право.

Израел спроведува брутална офанзива против Појасот Газа од прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш во израелски бомбардирања и гранатирања на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници се убиени повеќе од 34.300 Палестинци, главно жени и деца, а над 77.300 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни средства.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва

Следно

Активности на “ЗНАМ” во ИЕ 4

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop