Фидан: „Анкара е подготвена да го продолжи дијалогот со Грција без предуслови“

September 5, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека Анкара е подготвена да го продолжи дијалогот со својот сосед Грција „без предуслови“, јавува Анадолу.

„Подготвени сме да го продолжиме дијалогот со нашиот сосед Грција без предуслови и да ги развиваме нашите односи врз основа на заеднички интереси во сите области“, рече Фидан на прес-конференција со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис во главниот град Анкара.

„Можеме да ги решиме нашите проблеми врз основа на меѓународното право, почитувајќи ги меѓусебните права и интереси“, додаде тој.

„Анкара и Атина имаат различни мислења за Егејското Море и Медитеранот“, рече Фидан и додаде: „Се договоривме да донесеме нови пристапи за решавање на проблемите.“

„Туркије влезе во ‘позитивна нова“ ера во односите со Грција“, нагласи шефот на турската дипломатија.

Герапетритис, од своја страна, рече дека наскоро ќе започнат мерките за градење доверба и разговорите меѓу Туркије и Грција.

„Се договоривме да продолжиме со позитивната агенда“, истакна Герапетритис, кој престојува во еднодневна работна посета на турската престолнина.

„Двете земји се очекува да одржат состанок на советот за соработка на високо ниво пред крајот на 2023 година, што е прв таков состанок во последните седум години“, рече грчкиот министер.

Туркије и Грција се два соседа кои од различни причини имаат „турбулентни односи“ со децении. И покрај тоа што 2021 година беше сведок на одредено подобрување во врските, различни прашања опстојуваат.

Туркије, која е членка на НАТО повеќе од 70 години, протестираше против повторените провокативни дејства и реторика на Грција во регионот во последниве години, вклучително и вооружување на островите во близина на турските брегови кои се демилитаризирани според долгогодишните договори, велејќи дека таквите потези ги оневозможуваат нејзините добронамерни напори за мир.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарска државјанка приведена во центарот на Скопје при извршување на кражба

Следно

Русија: Украинската контраофанзива не ги постигна своите цели

Latest from Blog

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски

Општина Битола: Второ место на национално ниво за транспарентно и отчетно работење

Општина Битола го освои второто место меѓу 81 единица на локалната самоуправа во Македонија според Индексот на отворени општини за 2025 година, изработен од Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“. Со освоени

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,
Go toTop