Ferrari ќе лансира 20 нови модели во наредните 5 години

October 15, 2025
1 min read

Производителот од Маранело влегува во најинтензивниот период на развој во својата историја.

Од 2026 до 2030 година, Ferrari ќе претстави дури 20 нови модели, или просечно четири годишно. За бренд кој продаде рекордни 13.752 автомобили во 2024 година, ова е огромен чекор напред.

Еден од потврдените новини е првиот електричен модел Elettrica. Се очекуваат и освежен 296, plug-in хибридна верзија на теренецот Purosangue, како и кабриолет верзии на моделите Amalfi и F80.

Извршниот директор Бенедето Виња вели дека ексклузивноста останува клучна за стратегијата: „Подобро е да имате неколку модели во мали серии отколку неколку во големи“.

Токму затоа фабриката веќе го распродаде целото производство за 2026 година, а новите клиенти можат да сметаат на испораки дури во 2027 година.

Ferrari денес има околу 90.000 активни клиенти – 20 проценти повеќе отколку во 2022 година.

Повеќе од 32.000 луѓе купија Ferrari за прв пат во последните три години, додека колекционерите поседуваат 20 проценти повеќе возила отколку порано.

Планот за електрификација е корегиран: до 2030 година, понудата ќе се состои од 40% хибриди, 40% бензински модели и само 20% целосно електрични автомобили.

Моторот V12 останува во игра преку ограничени специјални понуди како што е потенцијалниот SP4, додека сите модели ќе имаат само автоматски менувачи.

Сепак, постои можност рачниот менувач да се врати во една од ексклузивните серии Icona, бидејќи некои ултра богати клиенти го бараат тоа.

Ако некој може да продаде таков автомобил по вртоглава цена и да го продаде однапред – тоа е Ferrari.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ивановски: Мора да има промени во ЈО, непроцесуираните кривични пријави значат дека ние залудно работиме

Следно

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, снимките се застрашувачки – евакуирани жители, затворен аеродром…

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ЦЕФ останува важна платформа за регионална размена на искуства

Министерството за финансии денеска во Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), настан кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на

Тоневски: Инвестиција од 10 милиони денари за реконструкција на дел од „Јаким Стојковски“

Во полн ек се градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Проектот опфаќа изградба на нови тротоари и рабници, како и поставување на

Денеска на Мундијалот: Светот очекува нов спектакл на Меси, Мбапе, Олисе, Халанд…

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Пред нас е нов фудбалски ден на Мундијалот и секако дека кога на сцена се Меси, Мбапе, Олисе, Халанд и другите, јасно е дека очекуваме нов спектакл, нови спектакуларни натпревари. И

ЛЕТЕН ПЕКОЛ ВО ФРАНЦИЈА: Се затвораат стотици училишта, температурите до 42 степени однесоа 16 жртви!

Францускиот министер за национално образование, Едуар Жефре, соопшти дека денеска 845 училишта и факултети во таа земја ќе бидат затворени поради жештините, а дополнителни 1.800 ќе ги прилагодат своите распореди за да
Go toTop