Федерер: Следам што прават Ѓоковиќ и Надал

March 15, 2024
1 min read

Поминаа околу година и половина од пензионирањето на Роџер Федерер. Доволно за да направи мал осврт на случувањата откако го напушти „белиот спорт“, а легендарниот Швајцарец го направи тоа во интервју за магазинот „ЏиКју“. Секако, неодминлива тема беа неговите најголеми ривали.

– Следам што прават Ѓоковиќ и Надал. Знам кога Новак соборува рекорд или кога Рафа се подготвува да се врати. Се разбира, не го организирам животот за да гледам што прават, туку следам тенис. Тажен сум што Надал не може да игра колку што сака. Знам дека се повлече од Индијан Велс, но се надевам дека ќе се врати на натпреварите, истакна Роџер.

Тој вели дека бил пресреќен од начинот на кој се повлекол од тенисот.

– Кога го одиграв последниот натпревар во Лондон, бев опкружен со Енди, Новак, Рафа и Борг. Реков дека е адекватно да бидам првиот што ќе се пензионира. Сега тие очекуваат сличен момент. Ќе ми биде жал ако Мареј се пензионираше порано поради колкот или Надал поради колената. Бев среќен што отидов прв и се надевам дека ќе направат тоа што сакаат, истакна легендарниот тенисер.

Вели дека максимално ужива во пензијата.

– Натпреварувачот што беше во мене целосно исчезна. Многу сум горд на се што постигнав, никогаш нема да заборавам кога го срушив рекордот на Сампрас, порача Федерер.

На крајот имал тежок период и не го напуштил теренот како што сакал.

– Последните години беа многу тешки. Затоа сега чувствувам големо олеснување. Чувствував дека се ближи крајот на мојата кариера, страдав во тие моменти бидејќи знаев дека ќе биде тешко. И во Лондон и се што му претходеше, додава тој.

Вели дека е задоволен што го одиграл последниот меч на Лејвер купот.

– Играњето на последниот турнир секогаш ме плашеше. Дека не знам дали ќе го завршам во првиот круг или во финалето. Противникот заминува, а вие останувате сами со микрофонот. Зборуваш и готово. Вака испадна подобро, бев опкружен со моите најблиски ривали, истакна поранешниот светски рекет бр.1 во интервјуто за магазинот.

Тој ужива во пензионерските денови и не му недостасува тенисот.

-Сите ме прашуваат како се чувствувам, а јас велам дека не ми недостига тенисот. Чувствувам целосен мир. Веројатно и затоа што знам дека коленото, телото и мозокот не би ми дозволиле да бидам таму. Се чувствувам како да добив се од мојата кариера. Сум пробал се. Сакам да играм тенис кога сум со моите деца. Пред еден месец првпат резервирав терен за да играм со сопругата и децата, заврши Федерер.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Да поверуваме ли дека реконструкцијата на делницата Катланово – Петровец ќе биде готова?

Следно

ТИЈАНА СОПРУГОТ ГО ФАТИ НА ДЕЛО СО КЕЛНЕРКА: Нејзината одлука ги шокираше сите во тоа време, денес тој се занимава со бизнис за кој многумина немаат храброст!

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop