Европскиот шопинг феномен Pepco официјално пристигна во Скопје: Најавени продавници и во Охрид и Струга!

June 22, 2026
2 mins read

СКОПЈЕ, 18 јуни 2026 – Денешниот ден го означува почетокот на новата ера на паметно купување во Македонија. Pepco, водечкиот европски дисконтен ланец за разновидна стока, официјално ги отвори своите врати за македонските потрошувачи со истовремено отварање на две големи продавници во Скопје: во Капитол мол (Capitol Mall) и во Рамстор мол (Ramstore Mall).

Големото отворање беше одбележано со прес конференција на кој присуствуваа Хорхе Герваси (Jorge Gervasi), главен оперативен директор на Pepco за Јужна ЦИЕ и Западна Европа, Богдан Григориу (Bogdan Grigoriu), регионален директор за операции во Pepco, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, како и амбасадорот на Полска, Н.Е. Мариуш М. Бримора, претставници на медиумите и познати lifestyle инфлуенсери.

 

За време на официјалната прес-конференција, раководството на Pepco не само што го прослави влезот во Македонија како значаен 19-ти европски пазар за брендот, туку и ексклузивно откри дека ова е само почеток на нивното патување во земјава, со веќе потврдени нови продавници кои наскоро ќе се отворат во Охрид и Струга.

Бренд изграден на квалитет и непобедливи цени

Pepco влегува на пазарот со јасна мисија: да го подобри секојдневието нудејќи им на семејствата сè што им е потребно на едно место – од модерни производи за домот и играчки, до облека со апсолутно најдобри цени на пазарот.

„Pepco е изграден на многу едноставна и моќна идеја: да ги направи секојдневните производи подостапни за семејствата и едноставно да го подобри нивниот квалитет на живот“, изјави Хорхе Герваси, главен оперативен директор на Pepco за Јужна ЦИЕ и Западна Европа. „Нашиот бизнис модел се заснова на едноставност, дисциплина и големина, благодарение на мрежата од повеќе од 4.000 продавници ширум Европа. Денес опслужуваме околу 36 милиони потрошувачи месечно. Нашата визија е Европа во која квалитетните производи се на дофат на секое домаќинство, и со огромно задоволство го носиме ова ветување кај македонските семејства.“

Планиран раст и посветеност на локалниот пазар

Доаѓањето на Pepco ќе го раздвижи локалниот пазар на малопродажба, создавајќи нови работни места и нудејќи модерна и практична шопинг средина прилагодена на потребите на современото семејство.

„Горди сме што го носиме Pepco во Македонија како наш 19-ти пазар во Европа. И додека нашите први продавници се отвораат денес во Капитол мол и Рамстор мол, по нив брзо ќе следат и објектите во Охрид и Струга, со што ќе се означи вистинскиот почеток на нашата локална експанзија“, најави Богдан Григориу, регионален директор за операции во Pepco. „За нас, влезот на нов пазар значи градење долгорочна доверба, создавање локални тимови и поврзување со секојдневниот живот во заедниците каде што работиме.“

Настанот беше заокружен и со присуството на претставници од „СОС Детско село“, што ја потврдува посветеноста на Pepco кон општествената одговорност и поддршката на заедницата уште од самиот почеток.

Голема шопинг прослава во Скопје

Точно во 10:00 часот, со свеченото пресекување на лентата, продавниците и официјално беа отворени за купувачите. Стотиците граѓани кои трпеливо чекаа во ред беа пречекани со вистинска празнична атмосфера, предводена од живиот настап на познатиот локален DJ Игор Ризински, брендиран штанд за свежи пуканки („Pepcorn“), интерактивни фото-кабини и акцијата „Draw & Win“ преку која се делеа подарок-ваучери и брендирани изненадувања. По официјалното отворање, потрошувачите веднаш ги истражија рафтовите на Pepco, откривајќи ги долгоочекуваните модни линии за деца и возрасни, играчките и живописните летни колекции за уредување на домот.

Со две отворени продавници во главниот град и нови локации во најава, пораката е јасна: За среќа, тука е Pepco!

За Pepco:

Pepco е водечки паневропски дисконтен ланец за разновидни производи со над 4.000 продавници во 18 земји, кој нуди облека за целото семејство, како и покуќнина и играчки по исклучително привлечни цени. Основана пред 22 години во Полска, компанијата денес е дел од Pepco Group. Pepco во моментов вработува над 32.000 луѓе и опслужува 36 милиони потрошувачи месечно.

Pepco Group котира на Варшавската берза (WSE: PCO). За повеќе информации посетете ја www.pepcogroup.eu

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола ги повикува граѓаните на форум за новото уредување на плоштадот

Следно

Тоневски најави стипендии за првенците на генерација во Пробиштип

Latest from Blog

СЕДМИОТ ГОСПОДАР НА ДАУНИНГ СТРИТ: Кој е Енди Барнам, човекот што ја презеде британската премиерска фотелја?

Како нов лидер на владејачката Лабуристичка партија, Енди Барнам стана 59-ти премиер на Обединетото Кралство на 20 јули. Барнам, кој има 56 години, доби широка поддршка во Лабуристичката партија за преземање на

Претседателот на КОНМЕБОЛ тврди: СП во 2030 ќе биде со 64 репрезентации!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез, изјави дека Светското првенство во 2030 година сигурно ќе се одржи со учество на 64 репрезентации. „Следниот турнир

ПРЕСВРТ И ПРОТЕСТИ ВО УКРАИНА, Зеленски доби ултиматум: „Мора да си оди, крајниот рок е петок!“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочи со продлабочување на кризата околу неговото воено лидерство во понеделникот откако популарниот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, кого го разреши минатата недела, ја отфрли неговата

Гостиварци пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

Гостиварци пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, покажале резултатите од земените мостри од Институтот за јавно здравје, кои што вечерва ги сподели Основното јавно обвинителство. Пумпите

Паредес одиграл три натпревари со скршено ребро

фото: GOAL @goal (X) Аргентинскиот играч од средниот ред, Леандро Паредес, ги одиграл последните три натпревари на Светското првенство со скршено ребро. Како што објави новинарот Мартин Аревало, играчот играл со оваа
Go toTop