Општина Битола утре, 23 јуни, ќе го одржи вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој пред граѓаните ќе бидат презентирани предлог-идеите за неговиот иден изглед и уредување.
Форумот ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола со почеток во 12:00 часот и претставува можност за граѓаните да се запознаат со предложените решенија, како и активно да се вклучат во процесот на креирање на јавниот простор.
Од Општина Битола ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот и да дадат свој придонес во обликувањето на еден од значајните градски простори.
„Ве очекуваме“, порачуваат од локалната самоуправа.

