Европската комисија го забрани ТикТок на службените уреди на вработените

February 23, 2023
2 mins read

„За да ги заштити податоците на Комисијата и да ја зголеми нејзината сајбер-безбедност, корпоративниот одбор на ЕК одлучи да ја суспендира апликацијата ТикТок на корпоративните уреди и личните уреди запишани во услугата за мобилни уреди на Комисијата“, било наведено во електронската пошта испратена до персоналот денеска наутро

Европската комисија им забрани на вработените да ја користат социјалната мрежа ТикТок на службените уреди поради заштита на податоците, изјавиле денеска портпаролите на ЕК.

Забраната, како што се наведува, исто така значи дека вработените во Европската комисија не може да ја користат оваа апликација за споделување видеа и на личните уреди, вклучително и на телефоните на кои имаат инсталирано службени апликации, рече портпаролот, потврдувајќи ги со тоа пишувањата на „Еурактив“.

Вработените во Европската комисија имаат рок до 15 март да ја отстранат апликацијата од службените уреди/Фото: Архива

Социјалната мрежа ТикТок, чиј сопственик е кинеската компанија БајтДенс (ByteDance), извесен период се соочува со обвинувања декa ги собира податоците на корисниците и ги предава на кинеската влада, потсетува Би-би-си.

Од компанијата ги отфрлаат ваквите наводи, тврдејќи дека не работат ништо поразлично од другите социјални медиуми.

„За да ги заштити податоците на Комисијата и да ја зголеми нејзината сајбер-безбедност, корпоративниот одбор на ЕК одлучи да ја суспендира апликацијата ТикТок на корпоративните уреди и на личните уреди запишани во услугата за мобилни уреди на Комисијата“,

било наведено во електронската пошта испратена до персоналот денеска наутро, пишува Политико.

Вработените мора да ја отстранат апликацијата што е можно поскоро и тоа мора да го сторат најдоцна до 15 март.

„Од 15 март уредите со инсталирана апликација ќе се сметаат за неусогласени со корпоративната средина“,

било наведено во електронската пошта до вработените во ЕК.

Европската комисија соопштила дека станува збор за прв случај да суспендираат употреба на апликација за своите вработени.

Шефот за внатрешен пазар на Европската Унија (ЕУ), Тиери Бретон, денеска на прес-конференција рекол дека ЕУ е многу фокусирана на сајбер-безбедноста, одбивајќи да даде дополнителни детали за тоа дали имало инциденти поврзани со ТикТок.

Портпаролите на ЕК, Ерик Мамер и Соња Господинова, рекле дека одлуката била резултат на „внимателна“ анализа. Тие, сепак, одбиле да откријат кои се причините што ја довеле ЕК до заклучок дека апликацијата претставува значителен ризик за нејзината сајбер-безбедност.

Тие посочиле и дека одлуката не е донесена под никаков притисок од Соединетите Американски Држави (САД), кои веќе ја забранија апликацијата од уредите на федералната влада.

Запрашани дали во иднина може да се очекува слична забрана и за популарната кинеска апликација ВиЧет (WeChat), тие навеле дека таа не била спомената во дискусиите.

Портпаролите на ЕК, исто така, одбиле да прецизираат како техничките служби на Комисијата ќе ја спроведуваат и надгледуваат забраната на ТикТок за уредите на вработените.

По потврдата на одлуката на ЕК со реакција се јавиле кинеската компанија Бајтденс, сопственик на ТикТок, во која навеле дека одлуката се заснова на погрешни идеи.

 „Ние сме разочарани од оваа одлука, за која веруваме дека е погрешна и се заснова на фундаментални заблуди“,

рекол портпаролот на компанијата.

Соединетите Американски Држави ја забранија апликацијата од уредите на федералната влада минатата година, а некои американски законодавци се обидуваат да го забранат ТикТок да работи во Соединетите Држави.

Минатиот месец холандската влада наводно ги советувала јавните службеници да ја избегнуваат апликацијата поради слични грижи.

Извршниот директор на Тик Ток, Шо Зи Че, минатиот месец беше во Брисел на разговори со претставници на ЕУ, каде што доби предупредување ТикТок да ја гарантира безбедноста на податоците за европските корисници.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

76-годишен скопјанец нападнат од роднина во Центар

Следно

Зеленски: Би сакале да се сретнеме со Кина

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop