Европол ја нагласи заканата од терористичката ПКК за Европската Унија

June 15, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Европол, Агенцијата за спроведување на законот на Европската Унија, ја истакна заканата што терористичката организација ПКК ја претставува за земјите членки на блокот, јавува Анадолу.

Агенцијата, во својот годишен извештај за тероризмот, откри дека членовите на некои европски екстремно левичарски групи и анархисти тренирале и се бореле со терористите на ПКК во Северен Ирак, југоисточна Туркије и во североисточна Сирија, каде што беа повеќето од нападите на терористичката организација.

„ПКК е многу активна во ЕУ, најчесто користејќи ги земјите членки како бази за административни цели, за регрутирање и финансирање“, се наведува во извештајот и се додава дека трговијата со дрога и измамите се меѓу нејзините главни извори на приходи во ЕУ што се користат за финансирање терористички кампањи.

Се нагласува дека ПКК, исто така, оперира со широк пропаганден апарат низ Европа.

Според Европол, во 2022 година Германија уапсила четири лица, а Италија едно лице поради поврзаност со ПКК.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Европската Унија, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турскиот претседател Ердоган вети дека ќе воведе нов „цивилен устав“ устав

Следно

Трамп заработил 6,6 милиони долари од обвинението, објавија од неговиот тим за претседателската кампања

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop