Европол: Италија и Албанија разбија мрежа за шверц на дрога

November 6, 2024
1 min read

РИМ (АА) – Властите во Албанија и Италија разбија мрежа за шверц на дрога за која постои сомневање дека прошверцувала најмалку 2 тони кокаин од Јужна Америка во Европа, соопшти денес Европол, јавува Анадолу.

Операцијата доведе до апсење на 29 лица, речиси целосно во Италија. Како што се наведува, осомничените се товарат дека од ноември 2021 година во контејнери со егзотично овошје на бродови кои пристигнувале во европските пристаништа од Јужна Америка сокриле најмалку 2 тони кокаин, 20 килограми марихуана и 46 килограми хашиш.

Дрогата е запленета во различни операции, соопшти Европол.

Уапсените, предводени од двајца браќа Албанци, се обвинети и за дистрибуција на дрогата низ Европа.

„Кога дрогата пристигнувала во Европа, тимови ја земале дрогата од контејнерите и ја продавале на други криминални мрежи“, додаде Европол.

Службениците за спроведување на законот вчера извршија рација на локации во Албанија, Италија, Франција, Шпанија и Романија.

Истрагата за албанската криминална мрежа е започната во 2021 година на иницијатива на Јавното обвинителство на Фиренца во Италија, соопштија властите.

Истата година е формиран заеднички истражен тим меѓу италијанските и албанските власти.

Истрагата е поддржана од пресретнати комуникации меѓу криминалните организации, кои ја користеле шифрираната алатка за мобилна комуникација SkyECC, додаваат европските власти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места

Следно

ДЗСИ: Нема пропусти во случајот со бебето од Струмица

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop