Евроамбасадорот Рокас во посета на Ресен и на почеток на градежни работи на граничниот премин Маркова нога

March 11, 2025
1 min read

Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас денеска и утре ќе ги посети општина Ресен и подрачјето на Преспанското Езеро, со цел да се презентираат видливите придобивки од помошта на ЕУ во секојдневниот живот на граѓаните.

Како што најавија од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, денеска амбасадорот Рокас ќе оствари средби со Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен, како и со Советот на општината.

Утре, евроамбасадорот ќе направи обиколка на регионот на Преспа каде ќе направи увид во проектите финансирани од Европската Унија. Во Царев Двор ќе го посети основното училиште „Браќа Миладиновци“ кое ја зголеми својата енергетска ефикасност преку грант финансиран од ЕУ, а подоцна ќе ја посети црквата „Света Петка“ во Брајчино, каде фреските треба да се зачуваат во рамки на ACT4PRESPA, прекуграничен проект финансиран од ЕУ за заштита и конзервација на културното наследство во областа на Преспанското Езеро.

Посетата, како што е најавено, ќе биде завршена со настан на високо ниво, на кој премиерот Христијан Мицковски, евроамбасадорот, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и членови на Владата официјално ќе го означат почетокот на градежните работи на царинската зграда на новиот граничен премин Маркова нога – Герман. 

– Работите, вредни 2 милиони евра, се дел од финансиската програма ЕУзаПреспа, кој изнесува вкупно 21,5 милиони евра. Од нив, 18 милиони евра, односно 84% се обезбедени од Европската унија, а остатокот се од националниот буџет. ЕУзаПреспа се спроведува преку 2 договори за придонес потпишани со УНДП. Опремата треба да ја испорача и инсталира националната царинска управа. Реконструкцијата на полициската зграда ќе биде покриена со дел од програмата Интеррег ИПА Грција – Северна Македонија финансирана од ЕУ (вкупно 7,73 милиони евра, вклучително 1,2 милиони евра од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија и 114,136 евра од општина Ресен) за финансирање на градежните работи од двете страни. Граничниот премин се очекува да биде отворен во 2028 година, се подвлекува во соопштението.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голема драма во Црна Гора откако легендарниот Ивица Костелиќ се изгубил среде море!

Следно

Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради

Latest from Blog

Проданоски: Во Прилеп следува инвестициски циклус тежок 990 милиони денари

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека во изминатите девет месеци локалната самоуправа реализирала значајни активности и обезбедила инвестиции во вредност од 990 милиони денари за капитални проекти. Според Проданоски, преку

Воз опкружен со пожар во Канада, машиновозачот снимен како поминува низ пламен (ВИДЕО)

Снимките од Армстронг, Онтарио, покажуваат товарен воз во пламен, а небото над Монтреал стана жолто во вторник наутро од чадот што се издига од пожарите стотици километри оддалечени во северен Квебек и

Рокот истекува, изборните измени во ќор-сокак

До вечерва на полноќ истекува рокот за донесување на законските корекции на Изборниот законик согласно европската агенда. Договор помеѓу партиите сè уште нема на повидок. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кај опозицијата нема

Министерство за енергетика: Со поддршка од САД се гради систем за одбрана од дигитални закани

Во услови кога сајбер заканите стануваат сѐ пософистицирани и почести, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Амбасадата на САД презема сет мерки за заштита од потенцијалните закани врз
Go toTop