ЕВЕ КОИ АЛБАНСКИ ПАРТИИ ЌЕ ОДАТ НА СРЕДБАТА СО РАМА ВО ТИРАНА!

January 8, 2023
1 min read

Дел од албанските партии во земјава потврдија дека ќе одат на средбата во Тирана која, како што објавија медиумите, ја организира албанскиот премиер Еди Рама.

Од „Алтернатива“, „Алијанса за Албанците“ и од „Беса“ за МИА изјавија дека добиле покана за средба и дека ќе одат, но не прецизираа детали. МИА побара одговор и од ДУИ, но оттаму досега нема одговор.

– Исто како што сме одговориле позитивно на сите покани за средби, и во овој случај ја потврдуваме поканата, како и нашето присуство на вечерата организирана од премиерот Еди Рама, изјавија за МИА од Алијанса за Албанците.

Од „Алтернатива“ потврдија дека претседателот на партијата Африм Гаши ќе присуствува на средбата, но дека не се знае за што ќе се разговара.

И од „Беса“ за МИА потврдија дека е добиена покана за средба од страна на Рама, но нема детали дали некој од партијата ќе присуствува на средбата.

Агенцијата „Журнал“ јави дека Рама ги поканил лидерите на политичките партии на Албанците од земјава на неформална средба во вторник. Поканети се лидерот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, на Движењето Беса, Билал Касами, на Алтернатива Африм Гаши и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЗДАДЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦУНАМИ – силен земјотрес од 7 степени во оваа земја пред само неколку минути

Следно

(ВИДЕО) Ахмети со песна и добро расположение ѝ одговори на „огнената група“

Latest from Blog

Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени
Go toTop