ЕУ ВОВЕДУВА 15-годишен ПРОБЕН РОК за новите членки?

October 7, 2026
1 min read

Европската унија подготвува револуционерен механизам со кој воведува посебен 15-годишен период на надзор за државите што во иднина ќе станат нови членки на Унијата, со јасна цел да се стави крај на политичките уцени, кршењето на владеењето на правото и појавата на ситуации какви што ЕУ ги имаше со поранешниот унгарски премиер, Виктор Орбан.

Новиот план го претстави европската комесарка за проширување, Марта Кос, која во разговор за „Гардијан“ и други европски медиуми порача дека Брисел повеќе нема да дозволи блокади и уцени од внатре.

– Нема повеќе Виктор Орбан, децидна беше Кос, нагласувајќи дека постојниот член 7 од Договорот на ЕУ се покажал како премногу бавен и блокиран од меѓусебните сојузи на бунтовните членки. Според новиот предлог, новите земји во првите 15 години од членството ќе се соочуваат со понизок праг за воведување санкции, вклучително суспензија на правото на глас или скратување на европските средства, доколку ги нарушат демократските стандарди. По истекот на овој рокот, мерките би престанале да важат за да се спречи создавање членки од „прв и втор ред“.

Руски и кинески притисок и сериозни реформи во ЕУ

Строгите правила доаѓаат во време кога процесот на проширување е забрзан поради руската инвазија на Украина, а земји како Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина чекаат во ред за влез. Кос предупреди дека проширувањето е геополитичко прашање за безбедноста на Европа, истакнувајќи дека Русија и Кина масовно инвестираат за да го зголемат своето влијание во земјите кандидати.

– Ако не сме во состојба да го интегрираме нашето соседство, некој друг ќе дојде и ќе го користи против нас, предупреди таа.

Покрај надзорот, ЕУ разгледува и длабоки внатрешни реформи за опстанок на функционалноста при евентуално проширување до 35 членки. Тоа вклучува можни укинувања на правото на вето во одредени области како даночната политика и санкциите, како и редефинирање на бројот на европските комесари, прашања кои во минатото веќе предизвикувале сериозни политички бури низ европските престолнини.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Hoxha uron Justina Shiroka-Pulën: Shqipëria do të qëndrojë përkrah Kosovës

Latest from Blog

ВЛЕН: Изборот на Јустина Широка-Пула носи нов почеток за Косово

Косово покажа дека демократијата, политичкиот дијалог и почитувањето на институциите се патот за надминување и на најсложените политички ситуации, порача ВЛЕН. Од партијата го поздравуваат изборот на Јустина Широка-Пула за нова претседателка
Go toTop