ЕУ воведе нов, шести пакет санкции за хунтата во Мјанмар

February 20, 2023
1 min read

 Европската унија денеска воведе шести пакет санкции против воената хунта во Мјанмар, која на 1 февруари 2021 година изведе воен удар со кој од власта беше соборена претходната, демократски избрана премиерка и нобеловка Аунг Сан Су Чи.

Британските медиуми јавуваат дека новиот пакет санкции се однесува на девет лица и седум субјекти, меѓу кои се министерот за енергетика, истакнати бизнисмени и офицери, како и сектори на Министерството за одбрана и приватни компании кои ја снабдуваат армијата со гориво и оружје и со парични средства. Со оваа најнова одлука ЕУ  сега под санкции има 93 физички лица и 18 субјекти во Мјанмар.

Мјанмар е во превирања од 2021 година, кога војската ја презеде контролата врз земјата по државен удар и ја уапси Аунг Сан Су Чи, политичката лидерка чија партија извојува убедлива победа на изборите претходната година.

Обединетите нации наведуваат дека по воениот удар и воведените санкции од Западот Мјанмар има околу 1,2 милиона внатрешно раселени лица, додека повеќе од 70.000 ја напуштија земјата.

Војската на Мјанмар за сето ова време од две години тврди дека е должна да обезбеди мир и безбедност во земјата и негира дека сторила злосторства, соопштувајќи дека спроведува легитимна кампања против „терористи“.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Петкова: Реконструкциите се прават само за лични интереси, од работата на МИОА граѓаните имаат хакиран систем и пренатрупана администрација

Следно

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Османи, на прес-конференција со Чавушоглу

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop