ЕУ: Путин, од специјална операција, се префрли на војна против НАТО и Западот

January 27, 2023
1 min read

Стефано Санино денеска, говорејќи на прес-конференција во Токио во рамките на неговата азиско-пацифичка турнеја, рече дека Путин „од концептот на специјална воена операција преминал на концептот на војна против НАТО и Западот“

Стефано Санино, генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), денеска ја бранеше одлуката на Германија и САД да испратат западни тенкови во Украина, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин „води војна против НАТО и Западот“.

Како што пренесува АП, Санино денеска, говорејќи на прес-конференција во Токио во рамките на неговата азиско-пацифичка турнеја, рече дека Путин „од концептот на специјална воена операција преминал на концептот на војна против НАТО и Западот“. Тој додаде дека американските, британските и германските тенкови треба да ѝ помогнат на Украина да се одбрани од руската агресија.

„Мислам дека најновите случувања во врска со испораката на оружје за Украина се само еволуција на моменталната ситуација, односно начинот на кој Русија влегува во поинаква фаза од војната“,

рече Санино, додавајќи дека Русија повеќе не напаѓа воени цели, туку цивилна инфраструктура, градови и цивили.

ЕУ не е таа што ја однесе војната во нова фаза, таа само ѝ помага на Украина да спаси човечки животи и да се одбрани од варварски напади, рече тој.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Аеродром е првата општина која воведува текбол во основните училишта

Следно

Убиен шефот на обезбедувањето на Амбасадата на Азербејџан во Техеран

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop