Аеродром е првата општина која воведува текбол во основните училишта

January 27, 2023
1 min read

Инвестициите и проектите во спортот се важни за промоција на општината во меѓународни рамки, но и предуслов за создавањето на идните спортски таленти, велат од општина Аеродром. 

 Аеродром е прва општина која во основните училишта го имплементира спортот текбол. Имплементацијата e резултат на соработката помеѓу Општина Аеродром и Меѓународната текбол федерација, а која се реализира со поддршка од Македонскиот олимписки комитет.

Во рамки на оваа соработка Градоначалникот Тимчо Муцунски денес прими донација за општината Аеродром која вклучува 40 текбол табли и 80 топки.

Освен донацијата, соработката вклучува стручна поддршка за оспособување на наставниците од основните училишта кои понатаму ќе треба да ги воведат и водат учениците во овој спорт.

Покрај ова, деновиве Општина Аеродром, во спортскиот центар „Јане Сандански“ е домаќин на квалификациите за учество на Европските олимписки игри во текбол кои ќе се одржат следната година во Полска.

„Се радувам што токму Аеродром е домаќини на еден ваков настан, но и пионер во воведување на една нова спортска дисциплина. Силно верувам дека токму од училиштата во Аеродром ќе излезат идните локални, национални и меѓународни текбол таленти“, истакна градоначалникот Муцунски и упати благодарност до Меѓународната текбол федерација за реализацијата на денешната донација, но и за меѓусебната соработка и поддршка.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Национална кампања „Запознајте ги ретките болести“ во февруари

Следно

ЕУ: Путин, од специјална операција, се префрли на војна против НАТО и Западот

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop