ЕУ одобри милијарда евра воена помош за Украина

May 6, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Советот на Европа вчера договори поддршка од милијарда евра за муниција и проектили за Украина во рамките на Европскиот мировен фонд (ЕМФ), известува Анадолу.

„Помошта во рамките на Европскиот мировен фонд (ЕМФ) дополнително ќе придонесе за јакнење и отпорност на Украина“, се вели во соопштението на Советот на Европа.

„Со мерката помош ќе се финансира снабдувањето на Украинските вооружени сили со артилериски гранати со калибар од 155 милиметри и доколку биде побарано, проектили што заедно ќе ги набават земјите членки на ЕУ од европската одбранбена индустрија“, се вели во соопштението.

Во соопштението се додава дека овие напори уште еднаш докажуваат дека Европската Унија „останува непоколеблива“ во својата поддршка на украинската војска во нејзината одбрана од Русија.

„Денешната одлука е уште еден голем чекор за испорака на поголемо количество муниција на Украина. На Вооружените сили на Украина потребни им се значителни количества муниција за одбрана на украинскиот народ и територии“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел.

Тој додаде дека во согласност со претходната одлука за брзо обезбедување муниција од постоечките залихи, се издвојуваат две милијарди евра, со што вкупната воена помош на ЕУ за Украина изнесува 5,6 милијарди евра.

Европскиот мировен фонд е формиран 2021 година, со цел да ги поддржи своите партнери низ светот во областа на војската и одбраната „со крајна цел за спречување судири, зачувување на мирот и јакнење на меѓународната безбедност и стабилност“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Анчелоти: Што и да се случи,мојата иднина е јасна

Следно

Преведувачот Игор Поповски ја доби наградата „Ванѓа Чашуле“ за најдобар превод од шпански и португалски јазик

Latest from Blog

Крвава ноќ во Колумбија: Два напади со 13 жртви, претседателот Петро зборува за тероризам

13 Колумбија ја потресоа два тешки напади што за само неколку часа однесоа најмалку 13 животи и оставија десетици повредени зад себе. Властите ги опишуваат инцидентите како едни од најсериозните во последните

(Видео) Херојски подвиг – млад Грк со СУП-даска спаси татко и неговите две деца од давење

8 Во Епаноми кај Солун викендов се одиграла вистинска драма со среќен крај, кога силните морски струи одвлекле две деца-туристи од Романија и нивниот татко кон отворено море. Случајно, на плажата се

Пирс Броснан на црвениот тепих позира со внуката, ретко е во нејзино друштво (ВИДЕО)

Во филмот глумат Хелен Мирен, Пирс Броснан, Бен Кингсли и Селија Имри. Пирс Броснан прошета по црвениот тепих во друштво на членови на семејството. Синот Дилан Броснан и внуката Изабела Смит позираа

Потера во Грција- се бара Албанец, кој си ја убил жената пред четирите деца и избегал

Бруталниот злостор се случил во Волос, а по убиството Албанецот избегал. Драмата се одвивала во станбена зграда каде што живеело семејството од Албанија. Расправијата започнала во нивниот стан, а двојката се спуштила
Go toTop