Крвава ноќ во Колумбија: Два напади со 13 жртви, претседателот Петро зборува за тероризам

August 23, 2025
1 min read

Колумбија ја потресоа два тешки напади што за само неколку часа однесоа најмалку 13 животи и оставија десетици повредени зад себе. Властите ги опишуваат инцидентите како едни од најсериозните во последните години, а претседателот Густаво Петро јавно порача дека станува збор за „терористички дела“.

Првиот напад се случил во западниот град Кали, каде експлодирало возило-бомба пред Военото воздухопловно училиште „Марко Фидел Суарез“. Градоначалникот Алехандро Едер потврди дека најмалку пет лица загинале, а 36 се повредени. Веднаш беше воведена забрана за влез на големи камиони во градот од страв дека би можеле да следат нови експлозии. Овој напад доаѓа само неколку недели по тројни координирани бомбашки напади на 10 јуни, во кои загинаа седум лица, а над 50 беа повредени, исто така во Кали.

Истовремено, во северната општина Антиокија, полициски хеликоптер беше соборен од дрон натоварен со експлозив. Во експлозијата загинаа најмалку осум полицајци, а уште осуммина се повредени. Хеликоптерот превезувал персонал кој работел на искоренување на нелегални насади со кока листови во општината Амалфи, потврди претседателот Петро.

„Ова е тероризам. Она што се случи во Кали шири паника меѓу цивилите и е втор ваков настан за време на мојата влада“, изјави тој, додавајќи дека ваквите дела претставуваат „злосторства против човештвото“ и би можеле да бидат предмет на Меѓународниот кривичен суд.

Владините истраги упатуваат на тоа дека зад нападите стојат нарко-картелите и вооружените групи кои делуваат како дисиденти на ФАРК, предводени од Иван Мордиско, како и Заливскиот клан и групата Сегунда Маркеталија. Сите тие, според Петро, ја користат трговијата со наркотици за да финансираат терористички активности во земјата.

Овие последни настани уште еднаш ја разгореа дебатата во Колумбија за безбедноста, организираниот криминал и силното влијание на нарко-картелите, кои и по долгогодишните мировни процеси продолжуваат да ја држат земјата во постојан страв.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(Видео) Херојски подвиг – млад Грк со СУП-даска спаси татко и неговите две деца од давење

Следно

Шок за младиот Аргентинец: Дон Флорентино нареди неговото име да не се скандира на “Сантијаго Бернабеу“!

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop