Тухел веднаш да си даде оставка, ова не се простува!

July 16, 2026
1 min read

Во спектакуларен меч, посебно ги издвојуваме последните минути, Аргентина со 2:1 направи пресврт и успеа да ја победи Англија во полуфиналето и со тоа да си закаже битка за титулата со Шпанија. Секако дека фудбалскиот свет е фрапиран од она што го направи селекторот на Англија, Томас Тухел, по водството на својата селекција со 1:0.

За ова своја анализа има Артим Шаќири, денешниот гостин во нашата рубрика “Коментар на денот“.

-Што ли направи селекторот на Англија…

Ова не се простува, Томас Тухел веднаш треба да се даде оставка. Требаше тоа да го стори веднаш по мечот. Значи ова е Англија, имаш 1:0 водство, имаш против себе една Аргентина која е “ранета“, имаш контрола на настаните и ти правиш катастрофална грешка. Се повлекуваш, ставаш пет стопери, играш во формација 5-3-2 и ја оставаш цела своја половина на Аргентинците, има даваш подарок. Ова не би го направил ни некој аматер тренер, ама ете го направи Тухел и покажа дека го нема во себе, она што му треба на селектор на една Англија. Зарем не гледаше дека десно Меси се повлече, правеше тука вишок, зарем не гледаше дека требаше да го удвои. Несфатливо, ова се аматерски грешки кои Англија ја чинеа финале на СП по цели 60 години. Англија беше подобра до тие 1:0, имаше игра, имаше се што треба за победа, но немаше селектор, тоа е повеќе од очигледно. Не смееш на Меси и другарите да им ја оставиш играта пред својот шеснаесетник, имаат тие квалитет да те уништат. Така и беше. Меси и другарите креираа многу шанси, постигнаа два гола и на крајот си победија. Штета, штета за Англија. Јас како фан на Англија жалам што ете така силна селекција е елиминирана во полуфиналето на таков начин“.

-Вие кажувате дека Аргентина е фаворизирана од судиите на ова СП…

Да, апсолутно. Видете, не дека Аргентина не заслужи финале, тука нема ништо спорно. Дечките си ги искористија грешките на Тухел и заслужено победија. Сепак, се виде уште на почеток која е нивната тактика. Да играат валкано, да прават фаули без топка на раб на инцидент, па гледате што правеше Симеоне. Тој не гледаше каде е топката, туку секој негов потег беше удирање на противнички играч. И судијата место со 2-3 жолти картони да ги смири тензиите, тој и простуваше на Аргентина, како и на некои претходни натпревари.Ова е мој став, за мене нема дилеми. За Скалони што да кажам? Па виде што треба, уште еднаш погоди со измените, знаеше како треба и на крајот ја однесе својата селекција во уште едно финале.Секоја чест“.

-Аргентина – Шпанија во финалето, во битката за титулата…

Нека биде спектакл. Мислам дека шансите се 50-50. Да, Шпанија покажа дека во моментов е најдобар тим во светот, но не смее Аргентинците да се потценат, никако. Тие се светски шампиони, имаат мотиви до небо, знаат како треба, знаат да одиграат во даден момент. Мислам дека во многу ќе одлучува психологијата. Нека биде убаво финале, спектакуларно финале за паметење“ заврши Шаќири.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ нема време за Македонија: БОРБАТА Е ЖЕСТОКА, ОВА ВО БРИСЕЛ НЕ МОЖАТ ДА ГО СОКРИЈАТ

Следно

Берзански подем: МБИ10 се искачи на 9.308 поени, промет од над 12 милиони денари

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop