ЕУ нема да ги исполни своите дигитални цели до 2030 година, проценува Еврокомисијата

July 3, 2024
1 min read

Европската Унија нема да ги исполни целите утврдени за 2030 година со политичката програма „Дигиталната декада“, особено во делот на поврзувањето и развојот на дигиталните вештини, се проценува во најновиот извештај на Европската комисија за состојбата со имплементацијата на оваа стратегија. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, програмата „Дигиталната декада“ има за цел да ја подобри дигитализацијата на ЕУ до 2030 година, поставувајќи мерливи цели за поврзување, прифаќање на дигиталната технологија и наобразба на работната сила. 

Европската комисија секоја година објавува годишен извештај за степенот на имплементација на „Дигиталната декада“ во кој се оценува напредокот на земјите членки на ЕУ во постигнувањето на утврдените цели и кој содржи препораки до низ за ревидирање на своите национални патокази и усогласување со целите на политичката програма најдоцна до 2 декември тековната година. 

Врз основа на податоците, во 2023 година 64 проценти од домаќинствата во ЕУ имале пристап до мрежи со оптички влакна. Со програмата се предвидува целосна, односно стопроцентна поврзаност на европските домаќинства со овој тип мрежи до 2030 година. 

Европските компании лани биле далеку од целта на Дигиталната декада за 75-процентна употреба на вештачката интелигенција, „клауд систем“ и т.н. „биг дата“, односно збир на големи и сложени податоци за чија обработка се неприменливи традиционалните софтвери за обработка на податоци. Според ЕК, доколку продолжи сегашниот тренд, до 2030 година само 17 отсто од компаниите во ЕУ ќе користат вештачка интелигенција, 64 проценти „клауд систем“, а околу 50 отсто ќе употребуваат „биг дата“. 

Во 2023 година 55,6 проценти од жителите на ЕУ поседувале основни дигитални вештини, а со програмата е поставена цел вакви познавање да имаат 80 отсто на европските граѓани на возраст од 16 до 74 години. 

Европската комисија проценува дека ако продолжи сегашното темпо на образование до 2030 година ЕУ би имала 12 милиони експерти за информациско-комуникациски технологии (ИКТ), при што и натаму би се задржала постојната родова нерамнотежа меѓу жените и мажите во оваа професија. Со програмата „Дигиталната декада“ е поставена цел во Унијата да има 20 милиони вработени ИКТ експерти. 

Единствено блиску до остварување е целта за стопроцентна достапноста до електронска идентификација на граѓаните на ЕУ. Лани таа стапка изнесувала 93 отсто. 

Комисијата во извештајот посочува дека е потребно да се поттикне прифаќањето на иновативни дигитални алатки од страна на малите и средните претпријатија, особено на „клауд системот“ и вештачката интелигенција, како да се привлекуваат дополнителни приватни инвестиции во високо технолошки стартапи. 

Друг предизвик, според ЕК, е недоволната застапеност на дигиталните технологии надвор од големите градови и за надминување на овој проблем предлага поттикнување на соработката на прекугранично и локално ниво. 

Комисијата воедно апелира да земјите членки да усвојат сеопфатен пристап за зголемување на дигиталните вештини на сите образовни нивоа и за поттикнување на интересот за науката, технологијата, инженерство и математика, особено меѓу жените.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ни новиот премиер не им ги остава лопатите на градоначалниците

Следно

Агелер: Довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска, Судски совет треба да ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop