ЕУ лидери доаѓаат во Македонија – Рокас: Се надевам да се придвижиме напред

March 12, 2025
1 min read

Евроамбасадорот Михалис Рокас очекува напредок на интегративниот пат. Тој вели дека на ниво на Европска Унија се работи напорно со Владата во земјава за надминување на секое преостанато прашање пред започнувањето на преговорите. Тој ова го истакна како одговор на неодамнешната идеја на известувачот Томас Вајц – Европската Комисија, Советот на ЕУ и бугарската Влада да дадат изјава дека промената на Уставот е последното барање.

„Има интензивни активности, дипломатски активности и размени. Лидерите на Европската Унија ќе го посетат Скопје во претстојните два-три месеца и се надевам дека ќе бидеме во можност да се придвижиме напред“, изјави шефот на мисијата на ЕУ, Михалис Рокас.

Од друга страна, премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека високи претставници на ЕУ и претходно зборувале за последни билатерални барања.

„Седеа пред мене и ме гледаа во очи и ми велеа името е последната работа што треба да ја направите. Нормално, ние бевме и тогаш против, но и тогаш им велев дека не ја говорат вистината и дека не е последната работа“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Сега, премиерот бара дела.

„А дела, по мене, претставуваат признавање на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница во Бугарија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Неофицијално, наредниов период земјава се очекува да ја посети и еврокомесарката за проширување Марта Кос, со која се очекува да се разговара за начините за деблокада на процесот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНАЗАДЕН Е СТАТУСОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ЈАВНАТА УПОТРЕБА, МОРА ИТНО ДА СЕ ФОРМИРА ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ, РЕКОА ЛИНГВИСТИТЕ ВО МАНУ

Следно

Сиљановска-Давкова на средби со претседателката на Собрание на Азербејџан и со премиерот Али Асадов

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop