Ваквите планови доаѓаат поради загриженоста дека Украина би можела да остане без важни видови муниција во блиска иднина
Земјите од Европската унија планираат да ѝ достават на Украина еден милион парчиња артилериска муниција во следните 12 месеци, изјавија денеска дипломати на ЕУ за новинската агенција ДПА.
Земјите треба веднаш да испорачаат муниција од нивните постоечки резерви во земјата разурната од војна.
Дополнително, земјите-членки на ЕУ треба заеднички да купат повеќе гранати од калибар 155 милиметри во следните шест месеци за да ја поддржат Украина на подолг рок.
Членките треба да добијат делумна рефундација за нивните испораки на муниција преку фонд на ЕУ кој служеше во изминатите месеци за финансирање на испораките на оружје за Киев.
Првичните планови предвидуваат дека вкупно две милијарди евра треба да се стават на располагање за муниција за поддршка на Киев.
Ваквите планови доаѓаат поради загриженоста дека Украина би можела да остане без важни видови муниција во блиска иднина.
Извор: 360stepeni.mk