ЕУ: Иранските власти веднаш да престанат со изрекувањето и извршувањето на смртните казни

January 9, 2023
1 min read

Генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи, Стефано Санино во име на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, го повика денеска иранскиот амбасадор во ЕУ, Хосеин Дегани да му го повтори силното незадоволство на Брисел поради егзекуцијата на 7 јануари на Мохамад Мехди Карами и Сејед Мохамад Хосеини.

Санино го пренесе апелот на Унијата до иранските власти веднаш да престанат со практиката на изрекување и извршување на смртни казни за демонстрантите, веднаш да ги поништат неодамнешните смртни казни веќе изречени во контекст на тековните протести и да обезбедат правилен процес за сите затвореници, соопштено е од Европската служба за надворешни работи.

– ЕУ цврсто и принципиелно се противи на примената на смртната казна во секое време и под сите околности, рече Санино и нагласи дека прашањата за човековите права се во сржта на внатрешните и надворешните односи на ЕУ и дека ЕУ и нејзините земји – членки остануваат обединети во нивниот одговор на акциите на Иран.

Мохамед Мехди Карами и Сејед Мохамад Хосеини се уапсени и осудени на смрт за убиство на припадници на безбедносните сили за време на протестите во Иран, соопшти претходно иранското правосудство.

Активистите за човекови права претходно соопштија дека најмалку 10 лица во Иран биле осудени на смрт на сослушувања зад затворени врати поради нивната вмешаност во протестите.

Според активистите за човекови права, најмалку 516 демонстранти се убиени, а повеќе од 19.000 луѓе се уапсени за време на протестите во Иран кои започнаа на 16 септември, кога курдската девојка Махса Амини почина под неразјаснети околности во притвор откако беше приведена од полицијата поради непрописно носење хиџаб.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хакерите објавија над илјада банкарски сметки на албански правни и физички лица

Следно

Медиум од Албанија објавува: Високи македонски функционери и припадници од МВР вмешани во шверц со наркотоци!

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop