Ескобар: Првиот чекор за избори на северот на Косово е да се тргнат луѓето од улица

July 10, 2023
1 min read

Специјалниот претставник за Западен Балкан на САД, Габриел Ескобар, во интервју за Хрватската радио-телевизија (ХРТ) изјави дека Жозеп Борел и Мирослав Лајчак презентирале три едноставни чекори за деескалација на состојбата на северот.

„Првиот чекор е да се тргнат луѓето од улица. Ни требаат нови избори со безусловно учество на Србите. Потребен ни е и рок за спроведување на својот дел обврските од српската страна и спроведување на нацрт-статутот за Заедницата на општините со мнозинско српско население на Косово. Станува збор за еднаквост и придобивки за двете страни. Доколку овие две страни не го прифатат планот на ЕУ за смирување на конфликтот, може да дојде до уште поголема криза“,

рече Ескобар.

Ескобар додаде дека мора двете страни да се вратат на тоа што е постигнато во Охрид, а тоа е нормализација за создавање мирни услови за живот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Американската полиција трага по осомничениот за вооружен напад во Кливленд

Следно

Музејот на Народната банка повторно отворен: Изложени околу 1000 монети распоредени во 36 витрини

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop