Ескобар: Курти има два дена да одговори на барањата на САД и ЕУ

June 6, 2023
1 min read

Треба да го видиме вистинскиот напор на Косово за формирање на ЗСО, но треба да ги видиме и чекорите преземени од страна на Србија. Тоа треба да се направи сега – да се договориме за тоа денес и утре, бидејќи од петок Мирослав Лајчак и јас треба да го поднесеме извештајот до нашите претпоставени дали успеавме на нашата посредничка мисија или не, вели заменик-помошниот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар

Косовскиот премиер Албин Курти има два дена да одговори на барањата на меѓународната заедница, во чиј фокус е формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), пред да биде поднесен извештај за успешноста на посредничката мисија на Габриел Ескобар и Мирослав Лајчак за односите меѓу Белград и Приштина.

Ова во изјава за косовските медиуми го изјавил заменик-помошниот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој заедно со специјалниот пратеник на ЕУ за Косово и Србија, Мирослав Лајчак, вчера и денеска е во посета на Белград и Приштина.

Зборувајќи за актуелната ситуација на северот на Косово, Ескобар рекол дека е потребно спроведување на предлогот на ЕУ за итна деескалација, како и организација на нови избори на северот на Косово со учество на Србите и имплементација на Охридскиот договор.

„Тоа значи дека треба да го видиме вистинскиот напор на Косово за формирање на ЗСО, но треба да ги видиме и чекорите преземени од страна на Србија. Тоа треба да се направи сега, треба да се договориме за тоа денес и утре, бидејќи од петок Мирослав Лајчак и јас треба да го поднесеме извештајот до нашите претпоставени дали успеавме на нашата посредничка мисија или не“,

рекол Ескобар.

Доколку мисијата за посредување не успее, додал Ескобар, тоа ќе значи дека Косово не е заинтересирано за координација, поточно, како што рекол, „не Косово, туку премиерот Албин Курти“. Тој, сепак, кажал дека САД и Косово имаат силни односи, но дека постојат некои предизвици во билатералните односи со премиерот на Косово.

„Гледаме дека одлуки се носат и покрај нашето партнерство, а тоа е сигнал за нас. Ако му свртите грб на овој договор, сте ѝ свртеле грб на Европа, со сите последици што доаѓаат со него, нестабилност во односите, недостаток на финансии и слобода на движење“,

рекол Ескобар во изјава за косовските медиуми, јави Н1.

Ескобар ги повтори барањата што заедно со Лајчак, му ги изнел на Курти на синоќешната средба, додавајќи дека истото ќе го сторат и на средбите во Белград, каде што заминуваат по посетата на Приштина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клековски и Василевска на средба со ФИДЕС- Најдобрите практики од Европа за изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Филхармонија протестираше пред Влада

Latest from Blog

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а
Go toTop