Ердоган за земјотресот во Туркије: Заедно ќе ја надминеме оваа катастрофа

February 6, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во врска со земјотресот кој со јачина од 7,4 степени ја погоди турската област Кахраманмараш, изрази надеж дека во најкратко време ќе се надмине оваа катастрофа со најмала можна штета, пренесува Анадолу.

Ердоган преку социјалните мрежи се оглси по земјотресот што рано утринава ги погоди јужните региони на Република Туркије.

Турскиот претседател нагласи дека сите надлежни единици се во готовност, во координација со АФАД.

„Нашите тимови за пребарување и спасување веднаш се упатени во зоните погодени од земјотресот“, напиша Ердоган.

Тој рече дека сите служби, вклучувајќи ги министерствата за внатрешни работи и за здравство, како и АФАД, се ангажирани.

„Ние ги координираме работите кои започнаа по земјотресот. Се надевам дека заедно ќе ја надминеме оваа катастрофа што ја доживуваме. Посакувам тоа да го надминеме со најмала штета. Ги продолжуваме нашите работи“, додаде Ердоган.

Досега најмалку 76 лица загинаа, а 440 се повредени како последица на разорниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што рано утринава ги погоди јужните региони на Република Туркије.

Епицентарот на земјотресот е регистриран во округот на Пазарџик во Кахраманмараш, по што уследија 42 последователни потреси на тлото, од кои најсилниот беше со јачина од 6,6 степени според Рихтер.

Земјотресот е почувствуван во многу градови на југот на Туркије, особено во областите Кахраманмараш, Хатај, Османије, Адијаман, Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Малатија и Адана.

Сите надлежни служби на Република Туркије се ангажирани во операциите за пребарување и спасување, а во подрачјата погодени од земјотресот пристигнуваат релевантните екипи од сите делови на Туркије.

Преку Министерството за надворешни работи, Туркије побара меѓународна помош во подрачјето на потрага и спасување.

Според јавувањата на медиумите, најмалку 42 лица загинале во Сирија, во пограничните подрачја со Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Гвардиола: Не сме во позиција да размислуваме за титулата

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Катастрофален земјотрес во Турција: Урнати згради, 195 загинати, стотици повредени

Latest from Blog

СПОРТ СЕКАДЕ ЗА СИТЕ! Нов спортски центар во ООУ „Тихомир Милошевски“ во Ѓорче Петров

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска го пушти во употреба комплетно реконструираниот повеќенаменски спортски центар во склоп на ООУ „Тихомир Милошевски“. Овој проект

ШТО СЕ СЛУЧИ СО МИЛИЈАРДЕРОТ ПО УБИСТВОТО НА НЕГОВИТЕ ТРИ ДЕЦА… Има ли живот потоа?

Животот на данскиот милијардер Андерс Холх Повлсен беше обележан со ужасна трагедија во 2019 година. Три од неговите деца беа убиени во терористичкиот напад врз Шри Ланка, меѓу стотиците жртви. Животот на
Go toTop