Ердоган за распуштањето на терористичката ПКК: „Турското разузнавање ќе следи дали се исполнуваат ветувањата“

May 14, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја нагласи важноста на имплементацијата на ветеното распуштање на терористичката организација ПКK, јавува Анадолу.

„Она што е навистина важно е имплементацијата, нашата Национална разузнавачка агенција внимателно ќе следи дали се исполнуваат ветувањата“, изјави Ердоган на состанокот на парламентарната група на неговата партија.

Со објавувањето на одлуката на терористичката организација ПКК за распуштање и предавање на оружјето, Турција влезе во нова фаза на своите напори за „Турција без тероризам“, рече Ердоган.

„Ерата на тероризмот, оружјето, насилството и нелегалноста сега заврши“, нагласи тој.

„Од витално значење е ограноците на терористичката организација во Сирија и во Европа, исто така, да ја признаат оваа реалност и да се вклучат во процесот на распуштање и разоружување“, додаде Ердоган, осврнувајќи се на сириската ПКК/ЈПГ, меѓу другите терористички ограноци на ПКК.

– Турција: Клучен центар на дипломатијата за мир –

Осврнувајќи се на иницијативите на Турција за обезбедување мир низ целиот свет, Ердоган рече: „Активно придонесуваме во мировните напори во нашиот регион и пошироко“ и додаде: „Денес нашата земја стана еден од центрите на дипломатијата за мир.“

Ердоган, исто така, му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за најавата дека ќе ги укине санкциите врз Сирија.

„Верувам во поддршката на мојот пријател Трамп за нашите напори да се стави крај на хуманитарната трагедија во Газа што сега достигна ниво на бруталност“, нагласи Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стеф Кари ќе го пропушти петтиот натпревар од плејофот против Минесота

Следно

Реката Крчиќ и нејзините пет водопади – „неоткриен бисер“ за авантуристите

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop