Ердоган во телефонски разговор со Мелони ја нагласи потребата од итна акција за обнова на Сирија

January 9, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со премиерката на Италија, Џорџа Мелони, известува Анадолу.

Дирекцијата за комуникации на турското Претседателството објави дека на средбата се разговарало за билатералните односи меѓу Туркије и Италија, како и за регионални и глобални прашања.

Претседателот Ердоган на средбата истакнал дека Туркије и Италија минатата година постигнале билатерален трговски обем од 32 милијарди долари, дека оваа бројка може да се зголеми со развивање на трговските и инвестициските односи и дека Туркије има разбирање за зголемување на соработката со Италија во многу области, особено на полето на одбранбената индустрија и енергетиката.

Во текот на средбата со Мелони претседателот Ердоган истакнал дека е важно без одлагање да се преземат активности за обнова на Сирија и изразил уверување дека укинувањето на санкциите кон Сирија, во што Италија би била предводник, би било од корист за овој процес.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сириските жени продолжуваат со чекорите за активна улога во новата влада по падот на режимот на Асад

Следно

Агенцијата за патишта на Бугарија виновна 10% за несреќата на „Струма“

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop