Ердоган во Истанбул се состана со членовите на Претседателството на БиХ

February 24, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул се состана со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, јавува Анадолу.

Ердоган во палата „Вахдетин“ одржа состанок зад затворените врати со претседавачката со Претседателството на Бих, Жељка Цвијановиќ и со членовите на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ, соопштено е од Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Туркије.

Не се објавени дополнителни информации за состанокот, што се одржа неколку недели по двата силни земјотреси што на 6 февруари го потресоа јужниот дел на Туркије, во кои смртно настрадаа над 43.550 луѓе.

Многу држави од светот веднаш по разорните земјотреси испратија тимови за пребарување и спасување, како и хуманитарна помош за жртвите во Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Немања Видиќ е кандидат за нов претседател на Фудбалската федерација на Србија, еве кој е неговиот противник

Следно

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје: Цената за вода во Скопје нема да се зголеми

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март
Go toTop