Ердоган во Анкара го прими косовскиот премиер Курти

May 31, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара се состана со косовскиот премиер Албин Курти, јавува Анадолу.

Ердоган го пречека премиерот на Косово со највисоки државни почести пред претседателската палата.

Курти синоќа отпатува за Туркије придружуван од првиот вицепремиер Бесник Бислими и вицепремиерката Емилија Реџепи.

Освен со Ердоган, предвидено е тој да се сретне и со министерот за надворешни работи Хакан Фидан, соопштија од Владата на Косово.

Курти престојот во Туркије ќе го продолжи во Истанбул, каде ќе учествува на првиот Економски бизнис-форум меѓу Косово и Туркије. На форумот ќе учествуваат бројни бизниси од Косово и Туркије, како единствена можност за проширување на можностите за економска и трговска соработка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вашингтон призна дека одобрил Украина да го користи американското оружје за напади на руска територија

Следно

Поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен по сите обвиненија за фалсификување документи и поткуп

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop