Ердоган: Вежбата „Ефес-2024“ е заснована на зачувувањето на мирот

May 30, 2024
1 min read

ИЗМИР (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека тековната вежба на турската војска „Ефес-2024“ не е насочена кон ниту една земја, туку дека е заснована на зачувувањето на мирот, јавува Анадолу.

„Ниту една земја не е таргетирана во рамките на вежбата ‘Ефес-2024’, тоа е вежба заснована врз зачувувањето на мирот“, рече Ердоган во обраќањето до војската за време на вежбата во западната турска област Измир која собра близу 11.000 учесници од 45 земји.

„Имаме можност да ги користиме новите системи од домашно производство што влегоа во инвентарот во вежбата ‘Ефес-2024’“, додаде турскиот претседател, наведувајќи дека првпат ќе бидат тестирани 33 нови системи.

Ердоган, исто така, ја истакна растечката одбранбена индустрија на Туркије.

„Минатата година достигнавме 5,5 милијарди долари извоз од одбраната со 230 вида производи пратени во 185 земји и потпишавме нови договори во вредност од 10,24 милијарди долари“, рече тој.

Ердоган, исто така, нагласи дека Туркије води интензивна дипломатија.

„Презедовме многу важни чекори (во дипломатијата) за да го зголемиме бројот на нашите пријатели. Се надеваме дека ќе продолжиме на овој пат со нови иницијативи“, додаде Ердоган.

Турскиот претседател се осврна и на присуството на терористичката организација ПКК во северниот дел на Сирија и Ирак.

„Туркије никогаш нема да дозволи сепаратистичката организација (ПКК) да формира терористичка држава во северниот дел на Сирија и Ирак, веднаш до нашите јужни граници“, рече тој.

Понатаму Ердоган додаде дека Анкара „внимателно ги следи“ „агресивните дејства на ПКК против територијалниот интегритет на Туркије и Сирија под изговор за референдум“.

Тој, исто така, ја спомена тековната агресија на Израел врз Газа, критикувајќи ја Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нападот врз бегалскиот камп минатата недела во Рафа, во кој загинаа најмалку 45 луѓе, главно жени и деца.

„Тоа беше крај на човечноста, нема оправдување за таква бруталност“, рече тој во врска со нападот.

Турскиот претседател ја осуди политиката на израелскиот премиер за бруталните напади врз Појасот Газа кои траат од 7 октомври.

„Убивањето 36.000 луѓе во Газа, ранувањето повеќе од 80.000 невини, бомбардирањето луѓе во редиците за хуманитарна помош не е војна, туку геноцид“, рече Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со голема операција на Европол погодена мрежата на малициозен софтвер

Следно

Ќе се избегнат ли предвремени избори за градоначалници?

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop