Ердоган упати сочувство по повод смртта на Раиси: Туркије е покрај Иран

May 20, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати порака со сочувство до иранскиот народ за смртта на претседателот на земјата, Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа со уште неколку ирански претставници, јавува Анадолу.

„Се молам Семоќниот Бог да го помилува мојот драг колега, мојот брат и претседател на Исламската Република Иран, господин Ебрахим Раиси, за кој дознавме дека, за жал, го загубил животот во хеликоптерска несреќа. Посакувам милост за душата на иранскиот министер за надворешни работи и на другите функционери што ги загубија своите животи во овој хеликоптер“, рече Ердоган.

Турскиот претседател изрази им сочувство, како што рече, на пријателскиот и братски ирански народ и на Владата, особено на верскиот лидер на Исламската Република Иран, господин Али Хамнеи.

„Како колега што лично сведочел на неговите напори за мир на иранскиот народ и нашиот регион за време на неговиот мандат, се сеќавам на почитуваниот Раиси со почит и благодарност. Како Туркије ќе застанеме покрај нашиот сосед Иран во овие тешки и тажни времиња, како што сме направиле многупати досега“, заклучи Ердоган.

Хеликоптерот во кој биле иранскиот претседател Раиси и министерот за надворешни работи Хусеин Амир-Абдулахијан, гувернерот на Источен Азербејџан, Малик Рехмати, и водачот на петочната молитва во градот Табриз, ајатолахот Ал-Хашем, наводно „тешко слетал“ вчера поради временските услови додека се враќал од церемонијата за отворање брана на границата со Азербејџан. Подоцна беше потврдено дека нема преживеани во оваа несреќа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин со сочувство до Иран: Раиси ѝ беше вистински пријател на Русија

Следно

ПАП-тестот оди во историја, со ХПВ-тестирање посигурно се открива канцер

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop