Ердоган: Турција очекува инфлацијата да биде околу 20% на крајот од годината

June 30, 2025
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека 2024 била година на значајни достигнувања за Турција, наведувајќи ги податоците за извозот од претходната година во своето обраќање на настан организиран од Здружението на извозници на Турција (ТИМ), јавува Анадолу.

Според соопштението на ТИМ, првите десет извозници во 2024 година биле автомобилските компании Форд, Тојота, Турција Петрол Рафинерилери, Кибар Диш Тикарет, Стар Рафинери, ТГС Диш Тикарет, Ојак-Рено, Вестел, Арчелик и Бајкар.

„Турската економија порасна за 3,2% во 2024 година како резултат на националната стратегија за раст насочена кон инвестиции, вработување, производство и извоз“, нагласи Ердоган, додавајќи дека таа динамика продолжува и во 2025 година.

Тој потсети дека економијата се зголемила за 2% во првиот квартал од 2025 година во споредба со тој период лани, што претставува 19. последователен квартал на непрекинат економски раст на земјата.

Ердоган се заблагодари за среднорочната економска програма за зголемената структурна отпорност на земјата преку намалување на зависноста од надворешни извори и минимизирање на ранливоста на Турција.

„И покрај многубројните шокови во последните три месеци, програмата остана стабилна, демонстрирајќи издржливост и обновена доверба“, истакна тој.

Тој посочи дека девизните резерви на Турција повторно почнале да растат од почетокот на мај.

Истакна дека ризичната премија на Турција опаѓа, а довербата во турската лира расте.

Наведувајќи дека 2024 била рекордна година за извоз, Ердоган рече: „Остваривме рекорд со 262 милијарди долари извоз во 2024 година. Го зголемивме нашиот глобален удел во извозот на 1,07%.“

„Бројот на компании што остварија извоз од 1 милијарда долари или повеќе минатата година се зголеми на 18, а компаниите со извоз од 100 милиони долари или повеќе се зголемија на 302“, додаде тој.

Тој изјави дека земјата ќе продолжи да расте со исто темпо и во 2025 година, при што во мај извозот достигнал 24,8 милијарди долари, што претставува зголемување од 2,7% во однос на мај минатата година и тоа е највисок месечен извоз во историјата на републиката.

– Одбранбен сектор –

Турскиот претседател нагласи: „Ние сме еден од водечките производители во светот во многу сектори, вклучително и одбраната и авијацијата, белата техника, автомобилската индустрија и енергетиката.“

„Во 2002 година извозот на одбранбени и авијациски производи изнесуваше 248 милиони долари, а во 2024 година приходот од одбранбениот сектор надмина 15 милијарди долари, при што 6,7 милијарди долари се од извоз во 180 различни земји и региони, што претставува извор на гордост за земјата“, рече тој.

Со вклучување на приходите од НАТО и извозот на услуги, вкупниот извоз на Турција изнесува 7,1 милијарди долари.

„Успеавме да станеме една од водечките земји во светот во производството на вооружени и невооружени беспилотни летала“, нагласи Ердоган.

„Турските компании произведуваат две од секои три беспилотни летала продадени на светскиот пазар, а Турција стана глобален бренд и во областа на оклопните копнени возила“, додаде тој.

Ердоган истакна дека побарувачката за националниот борбен авион КААН ќе се зголеми во наредните години, додавајќи: „Се надеваме дека ќе постигнеме ист глобален успех со борбените авиони како што постигнавме со беспилотните летала.“

– Глобални прашања –

Ердоган се осврна и на трговските војни што се водат преку царински бариери и кои, како што рече, дополнително ја продлабочиле актуелната клима на неизвесност: „Се соочуваме со процес во кој ризиците се зголемуваат, а заканите се диверзифицираат во многу области – од економијата до глобалната политика и општествената рамнотежа.“

„Особено во нашиот регион секое утро се будиме со нови тензии. Сите може да го видиме тоа: воспоставувањето рамнотежа, обезбедувањето стабилност и преминот од бурни води во мирни ќе бара уште малку време.“

Тој додаде дека Турција ги утврдува својот пат, прогнози и стратегии земајќи ја предвид оваа реалност: „Ништо не ѝ оставаме на случајноста, се подготвуваме за секое можно сценарио.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Русија воведе ограничувања за 15 европски медиуми како одговор на санкциите на ЕУ

Следно

Герасимовски: Ново зеленило и урбана опрема, помош за реконструкција на фасадите и лифтовите

Latest from Blog

Србов: Амар мене ми личи на супер и коректен дечко но решил да се изгори влегувајќи во локална политика

Вечерва на дебатата се урна целата стратегија на левица и перцепцијата која сакаат да ја изградат за нив во јавноста, напиша на Фејсбук, Никола Србов. 1. „Интелектуалната“ левица да ти била без

Тензично во Подгорица: Групи граѓани се собираат на протест, откако се уапсени 11 лица: Турци, надвор! (ВИДЕО)

Како што објави Антена М, група граѓани тргнале од Стариот аеродром кон центарот на градот. Тие извикуваат „Турци надвор“ и „Турци, одете си“, пренесе Телеграф. Дан пишува дека неколку десетици жители на

Струмичанец ќе биде селектор на Србија!

ФОТО: Veljko Paunovic Coach/FB Како што стојат сега работите, се чини дека роден Струмичанец ќе биде селектор на Србија. Секако дека тоа е Вељко Пауновиќ, во моментов најдобриот тренер во Србија а

Бројката на жртви во пресметките во Рио де Жанеиро се зголеми на 64 лица, загинаа и четворица полицајци

Најмалку 64 лица, меѓу кои и четворица полицајци, беа убиени во престрелка меѓу полициските сили и локални криминалци во Рио де Жанеиро. Како што објавува порталот „Глобо“, 81 лице е приведено во
Go toTop