Ердоган: Турција нема да дозволи поделба на Сирија

July 17, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган истакна дека Турција не се согласила на поделба на Сирија во минатото и дека со сигурност нема да се согласи на тоа ниту денес, ниту утре, известува Анадолу.

Турскиот претседател по состанокот на кабинетот даде изјава за медиумите.

Осврнувајќи се на нападите што Израел изминатите денови ги започна врз територијата на Сирија, претседателот Ердоган истакна:

„Израел ги користи Друзите како изговор за да ги премести своите бандити во соседна Сирија последните 2 дена. Како што вчера не се согласивме на поделба на Сирија, сигурно нема да се согласиме на тоа ниту денес, ниту утре“.

За ситуацијата во Сирија и како тоа може да се отслика врз регионот, Ердоган рече:

„Стабилна Сирија ќе генерира стабилност за сите соседни земји. Во спротивно, сите ќе го носат товарот на тоа“.

Тој посочи дека со внимание ги следат сите случувања во Сирија, одржуваат комуникација со колегите и додаде дека ќе продолжат да го прават тоа и во иднина.

Осврнувајќи се на принципот на кој дејствува Израел во регионот и репрекусиите што ги извршува врз соседните земји, претседателот на Турција продолжи со зборовите:

„Оние кои бараат сигурна иднина преку угнетување и масакр никогаш не треба да заборават дека ние сме сопственици на оваа земја и дека сме тука за да останеме“.

Ердоган истакна дека фундаменталната политика на Турција е да го сочува територијалниот интегритет, националното единство, унитарната структура и мултикултурниот идентитет на Сирија, која е нејзин сосед.

„Немаме злоба кон никого, ниту завист, ниту непријателство. Не кршиме ничии права, закони или суверенитет. Сакаме само мир“, посочи Ердоган и додаде:

„Преку нашата чесна надворешна политика, мировните напори и дипломатските ангажмани, Турција стои на страната на мирот и хармонијата“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина 19 годишен велосипедист: Несреќата се случила за време на првата етапа од трка

Следно

МВР: Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец

Latest from Blog

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој
Go toTop