Ердоган: Турција не му дозволи прелет на израелскиот претседател

November 20, 2024
1 min read

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потврди дека Турција му забранила на израелскиот претседател Исак Херцог да го користи турскиот воздушен простор.

Канцеларијата на Херцог во саботата објави дека тој нема да присуствува на климатската конференција COP29 во Азербејџан поради „безбедносни причини“.

Официјални лица во Азербејџан го отфрлија тврдењето дека нивната земја е небезбедна и нагласија дека вистинската причина за отсуството на Херцог е забраната за користење на турскиот воздушен простор.

За време на вчерашната прес-конференција на самитот на Г-20 во Бразил, Ердоган потврди дека Херцог не добил дозвола да лета над Турција со официјалниот авион на Винг оф Сион, поради противењето на Турција на војната на Израел со Хамас во Газа, пренесува Индекс.

„Што се однесува до израелскиот претседател кој сакаше да оди во Азербејџан на самитот COP, не му дозволивме да го користи нашиот воздушен простор. Има други области, има и други можности, му рековме да оди таму… но јас не знам дали отиде или не“, рече Ердоган.

Азербејџан, сојузникот на Израел, се граничи со Иран на југ. Израелците планирале Херцог да дојде во Азербејџан преку лет над Средоземното Море, Турција и Грузија.

Остатокот од израелската делегација на конференцијата за климата, која вклучува тројца министри и десетици официјални лица, учествува според планираното и пристигна во Азербејџан на 11 ноември, наводно преку комерцијални летови преку Грузија.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден одобри испорака на противпешадиски мини на Украина, целта е да се запре рускиот пробив

Следно

Томовски: Владините објекти седум години се оставени без имотни листови и без да се закова ниту една шајка

Latest from Blog

Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

 „Господине Трамп, немојте ни да помислите дека со искористување на моменталното затишје во Иран, ќе можете триумфално да влезете во Пекинг“, изјави Али Акбар Велајати, цитиран од полуофицијалната новинска агенција Тасним во

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во
Go toTop