Ердоган: Туркије се соочува со една од најголемите катастрофи, не само во својата историја туку и во светот

1 min read

АНКАРА – Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган се обрати од Државниот информативен координативен центар во врска со земјотресите што ја потресоа Туркије. Турскиот претседател истакна:  „Туркије се соочува со една од најголемите катастрофи, не само во својата историја туку и во светот“, известува Анадолу.

Ердоган информираше дека според досегашните податоци, земјотресите во Туркије, чии епицентри беа во областа Кахраманмараш, се причина за смртта на 3.549 лица. Тој соопшти дека има 22.168 повредени. Во своето обраќање Ердоган рече: „Наша најголема утеха е дека досега под урнатините спасивме над 8.000 наши граѓани.“

Тој соопшти дека поради катастрофалниот земјотрес, десет турски области погодени од земјотресот се прогласени за подрачја на катастрофа која влијае врз општиот живот.

За регионите погодени од земјотресот, Ердоган рече дека е прогласена е тримесечна вонредна состојба.

Зборувајќи за спасувачките операции и бројката на лица кои учествуваат во пронаоѓањето и спасувањето на лицата под урнатините, Ердоган соопшти:

„Повеќе од 53.000 спасувачи, медицински и друг персонал се активни на подрачјето погодено од земјотресот. Со помошта од странство, таа бројка континуирано расте.“

Претседателот Еродган информираше и дека повеќе од 8.000 луѓе се спасени под урнатините по разорните земјотреси што го потресоа југот на Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Ако се прашувате кој има ќар од војната

Следно

Градот Скопје испрати екипа на Противпожарната во Газиантеп

Latest from Blog