Ердоган: Туркије е во состојба да заземе храбар и принципиелен став низ светот

August 16, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нагласи дека Туркије ќе продолжи со решителната борба против тероризмот, јавува Анадолу.

„Ќе продолжиме со нашата борба одлучно и храбро додека не го елиминираме тероризмот како извор на закана за нашата држава“, рече Ердоган во говорот на церемонијата на доделување дипломи на Академијата за жандармерија и крајбрежна стража во главниот град Анкара, нагласувајќи:

„Враќање од оваа точка апсолутно не доаѓа предвид.“

Ердоган рече дека Туркије е во состојба да заземе храбар и принципиелен став низ светот, пред сѐ, благодарение на успесите што Анкара ги постигна на полето на безбедноста во изминатите 22 години.

Тој нагласи дека е постигнат значителен напредок во борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

ПКК е сепаратистичка терористичка организација што е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија над 40.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Паетонгтарн Шинаватра избрана за премиерка на Тајланд

Следно

Патрушев: НАТО и Западот и помогнаа на Украина да ја нападне Русија

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop