Ердоган телефонски разговараше со британскиот премиер Сунак за израелско-палестинскиот конфликт

October 16, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со британскиот премиер Риши Сунак во врска со моменталната состојба на израелско-палестинскиот конфликт, пренесува Анадолу.

Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.

Тие разговарале за начините за воспоставување мир во регионот и за итните мерки за решавање на тешката хуманитарна криза.

Ердоган нагласи дека Туркије очекува ефикасни иницијативи од меѓународната заедница, особено од западните земји, против кршењето на човековите права во Газа.

Тој ја нагласи важноста на сеќавање и исполнување на ветувањата дадени на Палестина во текот на годините, наместо преземање провокативни акции кои ја продлабочуваат кризата.

Десет дена по конфликтот со палестинската група Хамас, продолжува израелското бомбардирање и блокадата на Појасот Газа, при што беа раселени над 1 милион луѓе – речиси половина од вкупното население на Газа.

Газа се соочува со тешка хуманитарна криза. Областа е без струја, а водата, храната, горивото и медицинските резерви се при крај, додека цивилите бегаат на југ по израелското предупредување да се евакуираат северните области.

Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа 2.750 Палестинци, меѓу кои повеќе од 750 деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

– Телефонска средба Ердоган-Раиси: Крај на конфликтот меѓу Израел и Палестина е важно за регионалниот и светски мир

Следно

Ковачевски на Берлински процес: Соработката на земјите од Западен Балкан е клучна за забрзан економски раст и европеизација на регионот

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop